Telegram и Signal со нови милиони корисници во денот кога Facebook беше недостапен

Дејан Соколоски

во Вести

Денот во кој Facebook беше неколку часа недостапен на Telegram му донесе 70 милиони корисници. Mилиони нови корисници ѝ се приклучија и на апликацијата Signal.

„Дневниот раст на Telegram ги надмина просекот неколкупати и им посакуваме добредојде на 70 милиони бегалци од други платформи во еден ден. Горд сум на начинот со кој нашиот тим се справи со досега незабележаниот раст. Телеграм продолжи да работи без никаква пречка за најголем дел од нашите корисници. Сепак некои од нашите корисници во Северна и Јужна Америка може да забележале помала брзина од вообичаената, бидејќи голем број корисници се регистрираа на Telegram истовремено“, вели основачот на Telegram, Павел Дуров во објава на Telegram.

Бројката од 70 милиони нови корисници е можеби незабележителна за друштвени мрежи како Facebook кои имаат милијарди корисници, но за Telegram кој вo јануари имаше 500 милиони, ова е пораст од над 10 отсто, вели Verge.

Нови корисници од платформите на Facebook се приклучија и на Signal кој не објави точна бројка, но сепак додадоа дека има прилив на милиони нови корисници.

„Милиони нови корисници денес се приклучија на Signal. Нашите пораки и повици функционираат нормално, но некои корисници не ја добиваат целата листата на контакти на Signal. Работиме на надминување на проблемот“, објавија од Signal.

Проблеми кога наеднаш значително се зголемува бројот на корисници се очекувани и се појавија и на Telegram и на Signal. Дури и во релативно кусите пораки за добредојде кои ги испратија двете апликации имаше барем една реченица за техничките проблеми со кои се соочуваат. Во случајот на Telegram имаше проблем со брзината, а Signal забележа проблем со листата на контакти.

Истовремено со приливот на корисниците од Facebook и Whatsapp, на промени на платформата повика Едвард Сноуден. За г. Сноуден ова не е прв повик со кој повикува на замена на Whatsapp и откажување од Facebook. Тој е противник на

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии