Tekken 7 со нов трејлер

Развојното студио Bandai Namco ги израдува фановите со нов трејлер за очекуваната Tekken 7. Краткиот видео материјал покажува извадоци од приказната и одредени гејмплеј елементи.

Интересно е тоа што Tekken 7 е излезен за јапонските аркадни станици повеќе од година и пол, а она што сеуште се очекува е играта да се појави и за PS4, Xbox One и PC во февруари 2017 година.

Tekken 7 се фокусира на еден-на-еден битки. Од новитетите дефинитивно се издвојува таканаречениот Rage Art кој му дозволува на играчот да изврши критични напади кои не само што одземаат 30% од здравјето на непријателот, туку се и вистински празник за очите. Power Crush, од друга страна, му дозволува на играчот да продолжи со нападите паралелно со нападите на непријателот.

Според продуцентот на играта, Катсухиро Харада, приказната ќе биде помрачна од кога било и ќе успее да понуди завршеток за сагата на кланот Мишима. Во октомври, студиото потврди дека и Мигел ќе биде еден од борците со кои ќе можете да заиграте.

Tekken 7 ќе се одликува со 20 игриви борци. Додатни 13 борци ќе бидат вклучени во различни временски интервали по излегување на основната игра. Во играта ќе гостуваат и борци од Street Fighter играта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии