Тејлор Свифт си купи .porn домени

Во обид да си го заштити ликот и делотот, познатата пејачка Тајлор Свифт стана сопственик на TaylorSwift.porn и TaylorSwift.adult домените, јави BBC. Продажбата е дел од јавната понуда на ICANN кога и ќе бидат понудени генеричките домени, но ексклузивно предност во купувањето имаат јавните личности и компаниите на кои им беа понудени домените да ги купат пред почетокот на продажбата.

Покрај Тејлор Свифт својот имиџ го заштити Ричард Брансон, британскиот клуб Strangefellows и софтверскиот гигант Microsoft кој ги откупи Office.porn и Office.adult. Цената на .porn и .adult домените e 100 долари.

Според најавите .porn и .adult домените ќе овозможат полесна контрола на адресите кои не треба да им бидат достапни на најмладите корисници. Слична најава имаше и за .ххх доменот, иако овој домен за жал сè уште не ги донесе посакуваните резултати. Основната идејата беше порнограгијата да биде префрлена на овие домени, но порнографската индустрија едноставно не сакаше да се откаже од .com домените бидејќи им носат публика и пари. Нов домен кој ќе биде достапен од јуни е .sucks.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии