Технологијата за офсајд е победник на натпреварот Франција и Шпанија

Видео технологија за препознавање на офсајд на двапати ја корегираше одлуката на судиите на натпреварот помеѓу Шпанија и Франција, јави BBC Sport. Станува збор за пријателски натпревар одигран во Париз во кој Шпанија победи со резултат од 2:0.

Судијата на теренот по „консултации“ со видео технологијата најпрво го поништи голот на Антоан Гризман. Причината за ова е тоа што играчот кој му ја додаде топката беше во офсајд. Со ова сосем оправдано беше поништен гол кој ќе беше водечки за Франција. Ова можеби значително ќе го променеше понатамошниот тек на натпреварот.

Во вториот случај судијата по консултација со технологијата ја промени и одлуката на помошникот. Судијата најпрво досуди офсајд против Шпанија и го поништи голот на Жерар Деулофеу. По консултациите со видео-технологијата главниот судија ја промени одлуката и го потврди голот.

Претседателот на FIFA најави дека оваа технологија би можела да се користи веќе на следното Светско фудбалско првенство во Русија. Тестовите продолжуваат и во 2018, па до тогаш технологијата треба да ја потврди својата вредност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии