Технологијата отвори повеќе работни места одошто затвори во 140 години

Нема потреба да се плашите од технологијата, барем додека не добиеме автономни роботи кои размислуваат за себе и сакаат да го поробат човештвото. Технологијата сепак се покажува како корисна иновација која во последниве 140 години всушност креирала повеќе нови професии отколку што помогнала да се затворат, вели истражувањето направено од економисти на консултантската компанија Deloitte. Истражувањето е правено за период од 1871 до денес, на територија на Англија и Велс, пренесува Guardian.

„Машините ги прeземaат репетитивните и потешките работи, но луѓето нема да бидат во целост заменети во следниве 150 години“, пренесува Guardian дел од анализата на Deloitte. Дел од професиите како земјоделството, ткаење и текстилни работници, дактилографи и секретарки забележуваат пад од над 50 отсто, за сметка на тоа за 580 отсто е зголемен бројот на наставни кадри, 183 отсто зголемување во службите за социјални работи и 168 отсто пораст на негуватели и старатели.

Во Англија оваа промена предизвикала и поголем стандард на населението бидејќи професиите кои се сега позастапени носат и поголема заработка, но и бараат поголемо знаење од работниците. Дел од професиите како медицината и образованието, благодарение на технологијата забележуваат пораст и во продуктивноста. Една од професиите во кои барем навидум нема причина за пораст е персоналот во баровите, она што изненадува е намалувањетно на бројот на пабови, но зголемување на бројот на персонал за четирипати од 1951 до 2011 година.

Еконимоистите на Deloitte велат дека повисоките приходи се причина за поголемото трошење за лични потреби како фризери, еконимисти, тутори. Токму ова е причина за зголемување на бројот на вработени во овие области, што според нив само покажува дека доколку една професија се намали, се отвора простор за друга.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии