Технологијата која го овозможи Bitcoin, е клуч за иднината на банкарството

Blockchain, технологијата која ја воведе Bitcoin, во иднина ќе има централно место и во глобалниот банкарски систем, вели Светскиот економски форум. Организацијата е исклучително влијателна, па прифаќање на технологијата без нивно одобрување е речиси невозможно.

„Нашите наоди покажуваат дека техонологијата има потенцијал да ја оправда возбудата која ја предизвикува, и да ги промени финансиските услуги. Сепак, потребна е соработка помеѓу другите новосоздадени технологии, законодавците, службениците и останатите засегнати страни.“

Според предвидувањата на Светскиот економски форум, 80 отсто од банките се подготвени да ги воведат потребните промени следната година. Најголем дел од банките веќе имаат организирани групи, кои ги разгледуваат ефектите кои би биле предизвикани од технологијата, јави New York Times.

Сепак воведувањето на blockchain нема да биде без предизвици. Покрај чувањето на сите податоци, сајбер нападите и крадењето на Bitcoin се чести проблеми со кои што се соочува технологијата. Безбедноста е проблем, а Mt. Gox успеа да „загуби“ 460 милиони долари, а неодамна во сајбер напад, берзата Bitfinex изгуби биткоини во противвредност од 60 милиони долари.

Што е blockchain?

Blockchain е јавна книга на сите Bitcoin трансакции кои некогаш биле остварени. Постојано расте, а во неа се додаваат сите трансакции кои било кога се направени. Нови блокови со податоци се додаваат постојано. Блоковите се додаваат во линеарен, хронолошки редослед.

Секој компјутер кој е дел од Bitcoin мрежата има копија на blockchain, а копијата се презема автоматски со влегување во мрежата. Во blockchain се вклучени сите адреси и нивните салда од првата трансакција до последниот блок.

Со денешни банкарски зборови, blockchain е севкупна историја на сите банкарски трансакции што било кога се случиле. За разлика од сегашното банкарство во кое финансиските „книги“ ги одржуваат банките и финансиските институции, blockchain се одржува од мрежа на корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии