Техничките стартапи и гиганти му рекоа не на нацизмот

Google, Airbnb, GoDaddy, Discord се дел од техничките компании кои прекинаа дел од услугите кои ги нудат за корисниците кои се декларираат како екстремна десница. Поголем дел од компаниите се кренаа против расизмот по настаните во Шарлотсвил. Директорот на Intel Брајан Крзанич, го напушти советот на Трамп откако претседателот на САД не беше доволно строг во осудата на напаѓачите.

Се започна со Airbnb кои уште пред да започнат нередите најави дека нема да ги услужува активистите од екстремната десница. Како резултат на ова, Airbnb откажа некои од резервациите на движењето „Unite the Right“. Најпрво GoDaddy објави дека повеќе нема да ја хостира страницата Daily Stormer. Дека враќањето на Daily Stormer ќе биде посложено отколку само пронаоѓање на нов хост, покажа Google кој го прекина обидот за регистрацијата на доменот на нивните сервери.

„Ја прекинуваме регистрацијата на Daily Stormer на Google Domains поради нарушување на нашите правила за користење“, објасни претставник на Google за Business Insider.

По GoDaddy и Google, Daily Stormer од листата на корисници го избриша и Zoho. Компанијата која работи со софтвер за менаџирање на бизниси, објасни дека порталот ги нарушил правилата за користење. Претходно објавивме дека Anonymous ја презема контролата врз сајтот, сепак официјалниот профил на хактивистите ја демантира оваа вест. Според нив преземањето е лажно и организирано од самата страница.

Дури и платформата на која остриот говор често е присутен, Discord, ги усклучи серверите кои промовираат нацизам. Discord е платформа која на гејмерите им овозможува разговор во текот на играњето, но и споделување на слики и фајлови. Платформата е бесплатна, па се користи и надвор од гејминг. Сепак, сервисот ја прекина услугата за AltRight. Заедно со прекинот дојде и порака од сервисот.

„Мисијата на Discord е да ги заближи луѓето околу гејмингот. Се залагаме за позитивност и инклузивност. Не омраза. Не насилство.

Денес ги исклучивме AltRight серверите и повеќе профили поврзани со Шарлотсвил. Ќе продолжиме да преземаме акција против расизмот, нацизмот и сите форми на омраза“.

Последна „жртва“ на настаните од Шарлотсвил е Брајан Крзанич од Intel. Директорот на компанијата го напушти Советот за производство на претседателот Трамп. Пред него свои оставки поднесоа и Кевин Плaнк од Under Armour и Кенет Фрејзиер од Merck Pharma. За разлика од претседателот Трамп, кој го осуди насилството од „многу страни“, г. Крзанич немаше проблем да ги обвини белите супермацисти за насилството.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии