TED: Зошто на светот му е потребен WikiLeaks

Интервјуто е кратко претставување на Wikileaks и нивните методи како преку различни мрежи и енкрипции се пренесуваат доверливите информации. Тие податоци се филтрираат низ земји како Шведска и Белгија кои има закони за заштита на информации, се со цел да се заштити сајтови и објавените документи како и да се зачува идентитетот на тој што ги открива доверливите документи.

Еден таков доверлив документ, инжинерски извештај на помали истекувања на нафта во Албанија, во кој се вели дека конкурентни фирми самите си ги експлодирале нафтените складишта. Во сето ова била вклучена и албанската влада, вели г-дин. Асанж. (oвој дел е околу 11-та минута од интервјуто подолу)>

Можеби најпознат пример со влијанието на WikiLeаks е објавувањето на „колатерално убиство“ видеото каде се откри дека американските војници убија новинари и деца. Целиот случај се појави низ сите странски медиуми извршувајќи притисок за промена на методите на војување.

Погледнете го интервјуто на Крис Андерсон од TED со Џулијан Асанж од Wikileaks.

4 коментари на “TED: Зошто на светот му е потребен WikiLeaks

  1. Не сум потполно сигурен во искреноста на Асанге и чии сѐ интереси тој застапува. Очигледно, ужива во објаснувања, дообјаснувања и преправање дека е Џемс Бонд.

    Мислам дека неговата, на почеток, искрена намера, на крај се претвори во недискриминирано објавување на сѐ и сешто, притоа не водејќи грижа за нарушување на приватноста на случајните учесници, точноста на наводите, па сѐ до откривање на (на пример) воени информации кои доведуваат во опасност човечки животи.

    Големиот интерес на медиумите го претвори во media whore (да не го кажам македонскиот превод), па нивото на критериум значително му е спуштено.

    Wikileaks во овој искривоколчен облик, не нѝ е потребен.

    1. Тој вели „ако треба нешто да се скрие, тогаш тоа ќе биде доверливо“ :)

      Транспарентноста на работењето го трга превезот на „теорија на заговор“ и „што планира големиот брат“. Не знам што ќе се случи со Wikileaks, но според мене уникатен и интересен проект.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии