Aко ги ставиме информациите на мрежата, научни, владини, истражувачки податоци, други луѓе ќе ги искористат да направат нешто убаво, нешто што не можеле ни да го замислат – вака сир Тиме Бернерс-Ли, таткото на www мрежата, се обрати на престижната TED конференција, наведувајќи одлични примери за како се користат тие „отворени сирови информации“ меѓу кои и пример со земјотресот во Хаити каде користејќи ги тие информации од разновидни извори и мобилните телефони се креира корисна мапа на Порто-Пренс означувајќи каде се блокирани патишта, болници, кампови за жртвите…

Истото може да се случи во Македонија, односно со градење на една огромна дата база за целата администрација може тие информации, заедно со податоци од други извори, невладини и граѓански организација, медиуми, индивидуални истражувања… да им служат на луѓето да креираат нешто корисно. Се што е потребно е тие информации да бидат јавни т.е да се достапни на интернет.

Погледнете го кратката 6-минутна TED презентација за отворените сирови податоци на Тим Бернерс-Ли.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии