TED: Кристофер moot Пол за 4chan и анонимноста

Форумот 4chan е едно од најчудните места на интернет, и сугурно едно од повлијателните места каде се раѓа веб суб-културата. На 4chan има чудни правила направени од самите корисници кои се анонимни, нема архива и никој пост не се чува. И токму анонимноста е клучот на овој феномен, вели 22-годишниот креатор на 4chan, Кристофеr moot Пол, на TED конференцијата.

„Се движиме кон друштвеното вмрежување, кој постoјан идентитет, се движиме кон недостаток на приватност и мислам дека така губиме нешто значајно.“ вели moot.

Пред говорот на TED Moot ги прашал членовите што да каже во презентацијата, за 24 часа добил над 12.000 одговори но „ништо од тоа не би можел да ви го кажам“ вели тој смеејќи се. Давајќи им анонимност на интернет корисниците, комплетна слобода да кажат што сакаат, можеби се отвора Пандорината кутија, мрачната страна на интернетот. Детската порнографија и разни вулгаризми не се ништо невообичаено на форумот.

Но, од друга страна токму таа колективна анонимност влијае врз забавната интернет култура.

„Анонимноста и 4chan им дозволува на луѓето да бидат тоа што се.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии