Кога прв пат го откривме Stuxnet се однесуваше како лабораториски црв кој не сака да јаде сирење, вели германскиот консултант за контролни сигурносни системи, Ралф Лангер, објаснувајќи ја функционалноста на компјутерскиот „црв“ Stuxnet, целата негова софистицираност и неговата намена во својот TED говор.

Злонамерниот софтвер е доста софистициран, напаѓа само машини со одредена конфигурација, и е тешко да се открие. Г. Лангер објаснува како овој „црв“ може да се искристи за контролирање на нуклеарното производство, односно како да се компромитираат контролните системи на оние кои не сакаме „да ја добијат бомбата“. Нормално, тие контролни системи не работат на Windows софтвер за кој е наменет „црвот“, но ако се инфицира компјутерот на оној кој ги конфигурира тие системи, тогаш сепка се воспоставува некоја контрола.

Детално и илустративно г. Лангер го објаснува овој процес во видеото. Повеќе од овие операции се наменети за Блискиот Исток, односно Иран.

[youtube]CS01Hmjv1pQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии