TED: Интерфејсот од Minority Report е реален

Во презентација на TED конференцијата г-дин. Ундеркофлер го објасни својот g-Speak Spatial Operating Environmen интерфејс, објаснувајќи ги идеите зад интерфејсот. Kлучот тука е да се научи компјутерот да разбира просторот. А што се случува кога ќе го објасните просторот на компјутерот? Тогаш добивате неверојатни интерфејси со потенцијал да го променат начинот на интеракција со компјутерите.

G-speak интерфејсот реагира на едноставни движења, овозможувајќи да биде манипулиран без глувче или тастатура, дури и да се префрлат објекти од еден во друг компјутер само со едно движење. Интерфејсот станува поинтересен кога на сцената се вклучуваат уште двајца соработници на г-дин. Ундеркофлер кои со движења манипулираат објекти на екранот, демонстрирајќи дека повеќе луѓе можат да работат на еден проект.

„Големата уметност е секогаш поклон, вели еден познат англиски автор. Време е да го побараме тоа од технологијата. Технологијата е способна да изрази дарежливост, и ние треба го побараме тоа.“ вели г-дин. Ундеркофлер кој потоа вели дека ваквиот интерфејс може да биде достапен за секој корисник во наредните пет години.

Под TED видеото има уште едно кое ги подобро прикажува интерфејсот кој навистина изгледа фантастично.


 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии