TED: Дали роботите ве оставаат без работа?

Автоматизирани машини, напредни алгоритми и апликации преведувачи, ова се работниците на иднината, вели Ендрју Мекафи, главен истражувач за дигитален бизнис на MIT Sloan School of Management, на TED конференцијата во Бостон.

Автоматизацијата и технологијата ја олеснуваат работата на луѓето, но и ги намалуваат работните места за луѓето. Сепак можеби е поточно, дека се отвараат нови места на кои можат да работат машини и паметни алатки. Иако комбинацијата на IBM-овиот Watson и Siri на Apple не е пристигната, па работниците кои се занимааваат со интелектуална дејност можат да здивнат, автоматизираните Google возила се веќе тука, а нема сомнеж дека тие ќе остават некој од возачите без работа.

Според г. Мекафи во иднина ќе имаме супер продуктивна економија која нема потреба од работници. Сепак тој е оптимист дека дигиталната технологија која ја развиваме денес ќе не однесе во Утопија, а не во Дистопија.

Некои работни места сепак ќе останат „резервирани“ за луѓето. Идеите и иноваторството ќе останат ексклузивни за луѓето, и најверојатно бројот на иноватори ќе мора да се зголеми. Сепак дали ќе одиме во Утопија или не, зависи пред се од начинот на кој ќе ја извршиме транзицијата во индустрија без човечки работници, односно со минимален број работници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии