TechForReporters – нова платформа за новинари на Џон Бигс и македонскиот стартап Procodific

TechForReporters е плод на соработка на македонскиот стартап Procodific и Џон Бигс од TechCrunch. Платформата е во многу рана бета фаза и креаторите го испитуваат интересот за ваква технологија.

„Идејата е да се направи платформа на која ќе има заедница од новинари и ИТ-експерти. Тука би се надминал проблемот кој го имаат Џон Бигс и неговите колеги новинари: пишување на теми за кои немаат доволно познавање и потреба од експерти на истата тема“, вели Волхан Салаи, основач на Procodific, македонска компанија која е партнер на г. Бигс на проектот.

Станува збор за алатка наменета за новинарите, која во моментов се наоѓа на Product Hunt. Алатката ќе ги спојува новинарите и експертите од технички теми на исто место. Со тоа ќе се надмине проблемот од непознавање и споделување на погрешни информации. Пишувањето за технологијата е предизвик најмногу поради брзиот напредок на технологијата. Со оваа алатка решението на проблемот треба да дојде токму од експертите кои ја развиваат технологијата. Со ова информациите кои се споделуваат ќе бидат точни и релевантни.

Сервисот наликува на Quora, но има неколку клучни разлики. Прашањата се поставуваат анонимно, но поважно, ги одговараат експерти. За разлика од ова, одговорите на Quora доаѓаат од непознати автори, често се контрадикторни едни со други, па на крај тој што го поставил прашањето може да биде и позбунет по читањето на одговорите. Дополнително, платформата ќе биде во целост фокусирана единствено на прашања за технологијата.

Џон Бигс е новинар кој беше дел од New York Times, Gizmodo и TechCrunch. Во април беше дел од CodeFest кој се одржа во Охрид, но неговата соработка со Procodific почна малку пред ова. На почетокот на годината г. Салаи и г. Бигс, прв пат контактирале и оттука започнала нивната соработка. Токму како производ на оваа соработка и тој дојде како гостин на настанот во Охрид.

„Идејата за оваа платформа е на Џон и произлегува од неговото лично искуство“, открива г. Салаи.

Г. Бигс е и партнер во Procodific и е претставник и контакт на компанијата во САД.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии