Театар ќе наплаќа по насмевки кои ги следи со софвер за препознавање на лице

Клуб за стендап комедија во Барселона ќе се обиде на своите посетители да им наплати според тоа колку уживале во претставите. Доколку сте збунети како ќе биде изведено ова, клубот Teatreneu на задната страна на секој од столовите има таблет компјутер кој ќе ги брои насмевките на посетителите, односно ќе ги следи со технологија за препознавање на лица, јави ВВС. Проектот е одговор на намалениот број на посетители во театрите, поради зголемениот данок на билети за театар.

Секоја насмевка во овој клуб ги чини посетителите половина евро, а максималната сума која би можеле да ја платат посетителите е 24 евра. Интересно, но по примената на овој начин на наплата, цената на картите во салата се покачила за шест евра. Со оглед на тоа дека експериментот е успешен, се поголем е бројот на клубови кои го применуваат овој начин на наплата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии