Team Ghost Shell oбјави 1,6 мил. податоци украдени од сајтовите на NASA, Pentagon и други

Team Ghost Shell се можеби најактивните хактивисти во последно време. Иако таквиот опис  за нив можеби крие криминални намери, сепак хакерите стануваат се погласни за „правата“. Откако им објавија сајбер војна на Русија и Израел,  во последениот проект за 2012 година објавија 1,6 милиони кориснички податоци од над 30 веб страни. Соопштението и линковите вообичаено се споделени на pastebin.

Новата операција е наречена ProjectWhiteFox, a повод за нападот е конференцијата на ITU која се одржува под покровителство на Обединетите Нации. Групата смета дека доколку се донесат предвидените одлуки, Интернерот ќе стане „владина полициска-држава“. Групата ги поддржа Anonymous во нападите врз ITU.

 

Во страните од кој се украдени податоците спаѓаат: NASA, Европската Вселенска Агенција, Crestwood Technology Group, Bigelow Aerospace, California Manufacturers & Technology Association and Aerospace Suppliers, Пентагон, Федералните Резерви, Интерпол и FBI.

Во соопштението групата се исмева со властите кои ги прокласиле за „Глобална терористичка закана“, обелоденувајќи дека човекот зад Twitter профилот на DeadMellox (профил преку кој групата споделува вести), никогаш не постоел и е измислен од нив.

„Како од сајбер-криминалци станавме хактивисти, па преминавме во е-терористи, лоши глумци па до „на црна листа“. #ProjectHellFire (sајбер војнат со Израел) ги загрижи САД, во тоа време сè уште не бевме сигурни дека сме на црната листа, но кога дојде продолжението на #ProjectWestWind знаевме дека веќе сме на пат да бидеме забранети.”, пишува во соопштението истовремено споделувајќи линкови од наводните документи во кои владата на САД ги истражува Team Ghost Shell.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии