Team Fortress 2 сега е бесплатна за играње

IT.mk редакција

во Веб

Популарната игра со откачени карактери поделени во два тима кои се тепаат меѓу себе, сепак ќе има одреден лимит, односно тие што ќе плаќаат ќе добиват поретка опрема, поголемо место за скаладирање, можност да се даваат поклони и други предности пред бесплатните играчи.

Ваквите онлајн игри започнаа се почесто да се префрлуваат во вакви freemium бизнис модели, бесплатно но ако се плати има нешто плус, најмногу поради растот на друштвените игри по друштвените мрежи. Логиката е првин да се привлечат корисници, пред се поради сериозната конкуренција, па потоа да се смислува како да се заработат пари.

„Веруваме дека во мултиплеер игрите генерално е точно дека колку повеќе луѓе ја играат играта, толку поголема вредност има за секој индивидуален клиент.“, објаснува Робин Валкер од Valve.

„Друг начин што мислиме е дека има класа на играчи кои никогаш ни би ни платиле ни денар, заради разни причини. Не не нервира тоа, туку е само блокада околу која мора да работиме. Интересниот проблем е како да решиме да тие бесплатни играчи да креираат вредност за нашите клиенти кои плаќаат. Очигледно, добивајќи ги овие бесплатни играчи во играта е првиот чекор кон тоа.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии