Талент агенции во Холивуд ги објавуваат филмовите на торенти

Се чини дека холивудските студија конечно ги пронајдоа виновниците за споделувањето на неколку филмови пред нивните премиери. The Revenant, Hateful Eight и  The Peanuts Movie беа објавени на торент неколку недели пред своите премиери во кино салите. Се чини дека вината за ова ќе ја поднесе агенцијата за пронаоѓање таленти Innovative Artists.

Студиото Warner Bros. тврди дека копиите од неколку нови филмови (Creed и In the Hearth of the Sea) биле заштитени со „воден жиг“. Секоја од талент агенциите добила различна копија, a копиите испратени до Innovative Artists сега се онлајн. Студијата праќаат вакви копии пред премиерите на филмовите за жиријата да можат да ги прегледаат филмовите и да се одлучат за награди, пренесува Ars Technica.

„Наместо веднаш да ги испратат скринерите до своите клиенти, Innovative Artists ги копирале со нелегален софтвер. Софтверот овозможува да се надмине заштитата и пристап за копирање на DVD. Потоа ги копирале филмовите на нивната дигитална платформа за дистрибуција. Оттука копиите биле достапни за преземање и стримање заедно со многу други филмови.“, тврдат застапниците на Warner Bros.

Студиото бара 150.000 долари оштета за секоја повреда на авторските права. Innovative Artists пак ја признаваат вината додавајќи дека студиото мора да знае досега дека споделувањето на овие скринери не е новост во Холивуд.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии