Такси – македонска апликација која ветува подобар такси превоз

Дејан Соколоски

во Вести

„Taxi – Такси“ е нова македонска апликација која ветува подобар такси превозот во Македонија. Автор на апликацијата е cheekyEng компанија составена од Иван Цилаков и Благој Цилаков.

Апликацијата овозможува повикување на такси превоз. Во моментов апликацијата е сè уште е во фаза на развој, иако веќе е MVP (минимално одржлив производ). „Такси“ има доволно функционалности за да ги задоволи првите клиенти. Потоа овие корисници треба да обезбедат повеќе повратни информација за понатамошниот развој.

Апликацијата е своевиден телефонски именик до сите такси компании во Македонија; функционира на цела територија на Македонија во сите поголеми градови во кои има такси компании. Начинот на работа е супер едноставен. По логирањето „Такси“ ве прашува дали сакате сами да ја внесете својата локација или да го направи ова автоматски. Потоа добивате „именик“ на такси компании кои може да ги побарате и да повикате возило.

Идејата е да го подобриме искуството со такси превозот, најпрвин од страна на корисникот со тоа што значително се олеснува пребарувањето на такси број и реализирање на повик, а доколку апликацијата добие доволно корисници и се покаже иницијатива од страна на такси компаниите, тогаш подобреното искуство ќе биде обострано. Би можело во иднина такси компаниите да се приклучат во користењето на оваа апликација со што секој возач би ја споделил својата локација и корисниците би знаеле кои такси се најблиску до нив. За ова се разбира се потребни повеќе корисници.

Главната причина за нејзин развој е едноставната потреба за брз пристап до такси возило на корисникот. Корисникот може и да не знае каде се наоѓа, но апликацијата ќе му помогне со локацијата пред да повика такси превоз.

„Потребата за ваква мала, но ефективна апликација е логична за нашиот пазар; тој е специфичен и недоволно развиен за големи сервисни апликации како Uber или Lyft. Ваквите апликации иако се многу атрактивни во големите градови низ светот, на тлото на Европа имаат низа сериозни потешкотии; дали од аспект на нарушување на локалната економија преку нелојална конкуренција и законска некомпатибилност, или од аспект на неможност за адаптација на особеностите на европските градови“, вели Иван Цилаков.

За во иднина креаторите на апликацијата разгледуваат повеќе интересни идеи како лоцирање на најблиското такси возило и ако постои интерес директна интеграција со такси компаниите.

Taxi е достапна за iOS и за Android мобилните телефони на линковите прикажани подолу:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии