На не-толку-официјален #tweetup или собир на твитерџии во Кафе Ли во Скопје, се прогласија неколкуте победници во неколкуте категории на 140.mk Twitter наградите. Сите победници добија симболични награди, кои беа донирани од неколку компании, а „Оскарот“ беше во форма на варено јајце со налепница која ја означуваше категоријата во која победиле.

Прочитај повеќе

Од организирање протести до објавување на најновите продукти и наоѓање пријателства, Facebook стана важен фактор во секојдневието на околу 692.000 корисници од Македонија. Тоа значи дека за само два месеци, од фебруари, додатни 150.000 луѓе си отворија профил. Неверојатно, скоро 1/3 од Македонија е на Facebook.

Прочитај повеќе