Денеска, Zero Science Lab во соработка со MantisBT Group објави безбедносни предупредувања и закрпи за популарниот систем за следење на грешки или багови MantisBT (отворен код). Се работи за неколку сериозни ранливости со чија помош, напаѓачот може да дојде до осетливи информации на заразениот систем со пропатување на директориуми или пак да извршува HTML код во корисничкиот прелистувач со помош на XSS напад.

Прочитај повеќе

Пред околу 15 дена, пронајдов три слабости во еден од софтверите на компанијата Adobe.
За сега, нема да го именувам името на софтвер пакетот и неговите ранливости, туку само на кратко ќе го опишам процесот на пријавување на слабости кон Adobe и неговите продукти.

Прочитај повеќе