Сето знаење може да се пресмета. Oва е размислувањето на Стивен Фолфрам, основач на Wolfram|Alpha и Matematica, кој во својата презентација на TED конференцијата објаснува дека за да се дојде до човечкото знаење и информација мора да се пресметува (computе), односно знаењето треба да може да се пребарува и користи.

Прочитај повеќе

Со својот нов пребарувач Bing, претходно познат како Kumu, Microsoft се вмеша во борбата на пребарувачите. Сега Google навистина има добра конкуренција и редно време беше. За една недела се објавија два пребарувачи носат нешто ново во пребарувањетo. Yahoo веќе не е конкурентен, но Wolfram|Alpha и Bing носат нови не-Google избори и начини на пребарување. Од друга страна ова ќе го предизвика Google и тие да размислуваат поинаку и да најдат нови идеи за својот пребарувачот. Во секој случај секоја конкуренција е добра, бидејќи на крај корисникот ќе го добие најдоброто.

Прочитај повеќе

Замислете пребарувач како Google, но кој наместо да ви ги достави резултатите на неколку различни страни со линкови кои можеби го содржат она што го барате, ќе ја прескокне таа процедура и директно ќе ви одговори на вашето прашање… Стефен Волфрам, креаторот на софтверот Mathematica и основач и директор на компанијата Wolfram Research, заедно со околу 100 вработени се обидува да создаде нов вид на пребарувач кој ќе одговара на прашања во кои се бараат факти.

Прочитај повеќе