Посетителите на Wikipedia на руски јазик денес беа пречекани со порака дека енциклопедијата е изгасена во наредните 24 часа во знак на протест против нов закон, налик на SOPA, ACTA и PIPA, кој може да им дозволи на руските власти да ја блокираат онлајн екциклопедијата. „Лобистите и активистите го поддржуваат амандманот, и велат дека е […]

Прочитај повеќе

Новиот закон „DDL Intercettazioni” или „Акт за прислушување“ кој се дебатира во италијанскиот парламент бара „сите веб сајтови да објават, во рок од 48 часа по барање и без коментар, поправка на содржината која засегнатата страна мисли дека го омаловажува нејзиниот или неговиот углед“. Ова според Wikipedia на италијански јазик е неприфатливо бидејќи мислење на […]

Прочитај повеќе

По повод 10-тиот роденден на енциклопедијата, интерактивната агенција JESS3, продолжувајќи го својот серијал „Состојбата на…“, направи видео за состојбата на Wikipedia кое е презентирано од основачот на енциклопедијата Џими Велс. Видеото е за почетокот на Wikipedia, т.е. Nupedia, за достигнувањата на ециклопедијата и како трудот околу Wikipedia треба сега да се фокусира, надвор од западните земји, кон земјите во развој.

Прочитај повеќе

Надополнето: Tекстот за Бранко Црвенковски веднаш беше поправен откако се дозна дека се објавени лажни информации.

Прочитај повеќе

Адвокатите на германецот Волфганг Вирле бараат името на нивниот клиент да биде тргнато од Wikipedia бидејќи г-дин. Вирле ја отслужил казната за убиство и сега е обичен граѓанин.

Волфганг Вирле во 1990 година го убил баварскиот глумец Валтер Седлмајер. Волфганг Вирле заедно со својот полубрат Манфред Лаубер во 1993 година се осудени на доживотна казна. Ослободени се условно во 2007, односно 2008 година. Сево ова пишува во Wikipedia во биографијата на Валтер Седлмајер.

Прочитај повеќе