Дизајнот секако дека е важен за еден сајт, но уште поважна е функционалноста и содржината на тој веб сајт. SixRevisions објави интересна листа на 10 супер популарни сајтови кои имаат едноставен дизајн.

Прочитај повеќе

Според Google AdPlanner друштвената мрежа е на прво место на најпосетувани сајтови со 540 милиони уникатни посети и 570 милијарди прегледувања на веб страни! На листата на топ 1.000 веб сајтови, во која се изоставени податоците за Google и YouTube, на второ место е Yahоо со 50 милиони помалку корисници и значителни 500 милијарди прегледувања на веб страници.

Прочитај повеќе

Википедија брои над 40.000 текстови на македонски јазик и е на 50-то место од верзиите на популарната веб енциклопедија. Според посетеноста Википедија на македонски јазик забележува над 117.000 посети на ден, односно околу 2 милиони посети месечно!

Прочитај повеќе

Популарната, и единствената при рака, енциклопедија доби нов поелегантен и поокоординиран изглед со подобрено пребарување и навигација.

„Ова е првата голема иницијатива од Wikimedia фондацијата и волунтерите за да се промени интерфејсот на енциклопедијата. Ќе следуваат уште промени.“ пишува Наоко Камура на Wikipedia блогот.

Прочитај повеќе

Wikipedia Companion е интересен додаток за Chrome со кој можете да читате информации од онлајн енциклопедијата без да ја напуштите веб страната која ја разгледувате.

Прочитај повеќе

Скоро 200 години се поминати од денот кога Томас Џеферсон, еден од татковците на САД, во своето писмо до Ајзак Мекферсон ќе напише: „Оној кој добива идеја од мене, добива упатство без да ме осиромаши, исто како што оној кој од мојата ламба ќе го запали својот оган, добива светлина без да ме затемни мене“.

Прочитај повеќе

Пред некој ден читав за успешно формираната Пиратска Партија на Бугарија, една од повеќето европски пиратски партии, пишува HijackHacker на форумот на It.com.mk.

Прочитај повеќе

Facebook го промени „Become a Fan” копчето со „Like” кое ја има истата функција како и станување фан на нешто, но иако звучи исто сепак е различно од другото „Like“ кое се клика кога ви се допаѓа некој пост од вашите пријатели.

Прочитај повеќе

Моментално, само мал број текстови на Wikipedia имаат видеа. Време е да го смениме тоа! вели Open Video Alliance (OVA) стартуваше кампања да донесе видеа на популарната онлајн енциклопедија, и објави туторијал како во 4 чекори да се постира видео на Wikipedia, за која вели дека е „најголемиот колаборативен експеримент во човечката историја.“

Прочитај повеќе

Министерството за информатичко општество го објави својот „Википедија“ проект кој е иницијатива за збогатување на онлајн енциклопедијата со македонска содржина, иницијатива во која се вклучени неколку универзитети.

Прочитај повеќе

Онлајн енциклопедијата ќе стане построга и ќе ги едитираат промените и текстовите за живи луѓе или за компании и организации, односно пред да се објават ќе мора да бидат одобрени од уредник. Ова е резултат на дво месечното тестирање и се однесува на англиската верзија на Wikipedia, која неодамна доби 3 милиони текстови. Од останатите јазични верзии на енциклопедијата со над 10 милиони текстови на други јазици, а 30.000 текстови на македонски, само германската верзија има ваква уредувачка политика врз текстовите.

Прочитај повеќе

You Tube објави конкурс за граѓанско новинарство, бараат видео вест направена од обичните луѓе. Видео прилогот треба да биде за некоја личност од вашата заедница, маало, друштво кој мислите дека е посебна и „светот треба да знае за него/неа“ како што вели Стив Гроу, кој ги води вестите на YouTube.Тој додава дека „од почнувањето на YouTube ИЛЈАДНИЦИ видеа направени од ОБИЧНИ луѓе раскажаа приказни и осветлија многу ситуации на начин кој не беше возможен ПОРАНО„.

Прочитај повеќе