Lego и аустралискиот Google стартуваа WebGL Lego симулатор. Со Build може да си одберете место и да си креирате ваш 3Д објект. Како што може да видите ние си ја напишавме адресата. Build е доста интересен, може да се и рече дека е „забава за целото семејство“ но за жал ограничен е само на Австралија […]

Прочитај повеќе

Mozilla продолжува со брзото освежување на својот веб прелистувач, пуштајќи ја во употреба осмата верзија на Firefox само шест недели откако беше пуштен Firefox 7. Во рок oд една година, Mozilla има пуштено дури пет верзии на Firefox. Новата, осма по ред верзија на Firefox визуелно скоро воопшто не се разликува од седмицата, меѓутоа сепак […]

Прочитај повеќе

Минатата недела на конференцијата Google IO беше претставен нов музички експеримент кој ги користи можностите што ги нуди Chrome. Станува збор за интерактивниот проект 3 Dreams of Black, кој е базиран на песната Black од инди групата Danger Mouse. Со овој проект можностите на Google Chrome се многу повеќе истакнати, и се разбира далеку поимпресивни. 3 Dreams of Black ги користи предностите кои ги нуди WebGL, JavaScript библиотека која овозможува прикажување на 3D графики во веб пребарувачот без да се користат плагини. WebGL ја користи графичката картичка на вашиот компјутер за прикажување на моделите.

Прочитај повеќе

<Надополнето>Објавена е официјната верзија на Firefox 4. Повеќе ќе прочитате тука. </надополнување>
 
Иако се очекува новиот Firefox 4 да биде официјално претставен покасно денес, сепак финалната верзија од прелистувачот е достапен за симнување во моментов преку FTP сервер. Преку серверот ќе најдете фолдери зависно од оперативен систем, а во нив ќе најдете и верзија на македонски јазик.

Прочитај повеќе

Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

Прочитај повеќе

Google Body e алатка за преглед на детален 3Д модел на човечкото тело. За да можете да го видите не ви се потребни никакви додатоци како Java или Flash, ќе ви треба само прелистувач кој поддржува WebGL како што е Google Chrome.

Прочитај повеќе

Новиот Chrome премина од beta во сосем стабилна верзија и донесе неколку новитети како: WebGL, Chrome Instant и Chrome Web Store.

Прочитај повеќе