Неверојатно е што во 2010 година се испратени 25 милијарда пораки. Тоа се 68 милиони твитови дневно или 2.8 милиони твитови на час, односно над 47 илјади твитови секоја минута!

Прочитај повеќе

Минатата недела во текстот “Анти-вувузела мерки” објаснив за неколку мерки со кои би можеле да го намалите или целосно избегнете звукот на досадните вувузели кои станаа главна тема на светското првенство во Јужна Африка.. Покрај мал милион Flash игри, Facebook групи, посебни сајтови и петиции со кои се бара забранување на вувузелите, денеска се огласи на оваа тема и Google, со тоа што на YouTube објави опција со која ќе можете при гледањето на било кое видео, да “уживате” во звукот на вувузелите.

Прочитај повеќе

Светското првенство во Јужна Африка дефинитивно ќе биде запаметено поради две работи… затворената игра на тимовите на самиот почеток од мундијалот и вувузелите – досадните пластични навивачки труби со монотон звук. Звукот произведен од овие “инструменти” луѓето го споредуваат со звукот кој го дава стампедо на гласни слонови или пак огромно јато на лути пчели. Интересно, особено од ИТ аспект, е тоа што многу гледачи иритирани од звукот на “инструментот на ѓаволот” пронајдоа неколку технички начини за како да го филтрираат досадното бзззз….

Прочитај повеќе