NASA ќе лансира мини сателити кој ќе бидат опслужувани од Аndroid телефони. Телефоните кои ќе се користат ќе бидат Nexus S произведен од Samsung и Nexus One на HTC. Идејата зад проектот наречен PhoneSat е во Орбитата да бидат лансирани најевтини можни сателити, но и сателити кои ќе бидат наједноставни за конструкција. Изработени се два […]

Прочитај повеќе

Дејв Акерман беше во право кога помисли дека малото компјутерче Raspberry Pi коe чини само 35 долари, има 700 Mhz процесор и работи на Linux, ќе биде одлично решение за неговото хоби да испраќа хелиумски балони кон Вселената. Неговата цел беше да ги направи своите први фотографии од високо во атмосферата, но, интересно, резултатите што […]

Прочитај повеќе

Urthecast планира да постави HD камери на Интернационалната вселенска станица и да го стрима дневниот живот од планетата Земја, но гледан од Вселената. Стартапот планира да прикажува видео од Земјата 24 часа на ден. „Замислете си Google Earht na стероиди. Ќе имате моќност да гледате видео од политички настани во живо, економски и спортски настано […]

Прочитај повеќе

Во следните пет години IBM во соработка со Холандскиот институт за радио астрономија ќе работи на дизајнирање на „супер компјутер“ кој ќе се користи за анализирање на податоците  кои ќе ги генерира  SKA. SKA (square kilometer array) е супер модерен радио телескоп кој се уште е во изработка, а се очекува да биде завршен до […]

Прочитај повеќе

Уште едно продолжение од најпопуларната мобилна игра Angry Birds е достапна за симнување. Овој пат се работи за тепање свињи во Вселената, каде играчите за противник ќе ја имаат и гравитацијата. Angry Birds Space ќе има 60 нивоа, ќе се користат блиските планети и нивната гравитација за специјални удари, има скриени нивоа, и секако нов […]

Прочитај повеќе

Како реакција на неодамнешните обиди за цензурирање на комуникацијата преку интернет во САД, попознати како SOPA, група хакери излегоа со предлог за ослободување на Интернетот. Во типично хакерски стил да се размислува „надвор од кутијата”, решението на проблемот со цензурата тие го гледаат во Вселената. Нормално не се работи за зелени вонземјани, туку за практично […]

Прочитај повеќе

IT.com.mk ви посакува Среќни празници и Среќна нова 2011 година, во која не очекуваат уште неверојатни ИТ уреди и неверојатни ИТ сервиси кои ќе направат неверојатна ИТ револуција. Само погледнете се што се случи во 2010-та и ќе стане јасно дека информатичко-комуникациската технологија е во постојано движење напред рекреирајќи го навикнатото секојдневие во нешто ново и интересно.

Прочитај повеќе

Да не биде покус на аматерскиот проект на бруклинскитe татко и син кои лансираа iPhone во Вселената, Google сега го лансираше новиот Nexus S на 30 километри над Земјата.

Прочитај повеќе

Компанија од Калифорнија, Interorbital Systems, продава опрема за правење на сопствен сателит за 8.000 долари. TubeSat опремата за личен сателит содржи основни компоненти за креирање сателит, батерии, соларни ќелии, ресивери, микрокопјутери, електронски компоненти, нацрти… и место да си вметнете дополнителна персонализирана опрема зависно од експериментот кој сакате да го направите. Секој пакет содржи и гаранција за лансирање во орбитата на Земјата од ракетата на Interorbital. Нивната ракета ќе лансира 32 TubeSats сателити, а првите лансирања се закажани за март 2011 година.

Прочитај повеќе

Астронаутот на НАСА, Даглас Вилок ја доби „NASA Explorer“ значката на Foursquare откако се чекираше на Foursquare од 354 километри над Земјата додека патуваше со брзина од 28.000 километри на час. Значките се еден вид игра на Foursquare, собирањето значки носи и награди, што ги поттикнуваат корисниците да го користат сервисот. Ако ја покаже значката астронаутот Вилок ќе добие бесплатен сладолед за аустронаути. :)

Прочитај повеќе

Лик Геисбулер и неговиот син од Бруклин лансираа iPhone и HD камера во вселената, поточно 30 километри во стратосферата. Нивната мисија беше да ја снимат „темнината над Земјата“ со HD видео камера. За таа цел тие наполнија атмосферски балон со хелиум и на него закачија кутија за iPhone-от и камерата која го сними целиот пат до горе и назад. Во стратосферата поради недостиг од атмосферски притисок балонот евентуално пука, паѓа назад, при што се отвара падобран, и слетува успешно 30 километри оддалечен од местото на лансирање по што е лоциран благодарение на GPS технологијата на iPhone-от.

Прочитај повеќе

Од Баз Олдрин, вториот човек кој одеше на Mесечината, до сегашни и идни, на Twitter ќе најдете голем број на интернационални астронаути кои информираат за случувањата oд таму горе.

Прочитај повеќе