Една третина од глобалната гејмерска популација користела реални пари, наместо виртуелна валута, за да купи виртуелни добра, се вели во анкетата на Play Star, платформа на Visa за монетизирање на виртуелни добра, и истражувачката фирма VGMarket. Од играчите кои користат реални пари за виртуелни добра, 57 отсто велат дека купуваат виртуелни добра барем еднаш месечно. […]

Прочитај повеќе

Zynga, компанија стартувана во 2007-ма година која стана хит поради друштвените игри на Facebook, како FarmVille, MafiaWars и многу други, ќе излезе на берзата во јавно надавање од кое се очекува да собере 1 милијарда долари. Со тоа вредноста на компанијата може да се искачи на 20 милијарди долари, што е двојно повеќе од 8-те милијарди долари колку вреди Electronic Arts, компанија која креаира малку посериозни игри.

Прочитај повеќе

Отсега во мега популарната игра Angry Birds за Android ќе може да се купуваат виртуелни добра и содржини кои се наоѓаат во играта (in-app content), односно користење на вистински пари за да се купуваат виртуелни работи во играта. Иако овој систем, наречен Bad Piggy Bank, може да го користат само корисниците на Elisa операторот од […]

Прочитај повеќе

Наскоро сите апликации на друштвената мрежа ќе започнат да ги користат Facebook Credits како примарна виртуелна валута за продавање виртуелни добра. Facebook подготви две нови Credits програми со кои развивачите на апликации можат да ги искористат виртуелните Credits.

Прочитај повеќе

Друштвената мрежа тестира Buy With Friends сервис. Кога корисникот ќе купи нешто преку апликација, неговиот продукт ќе се појави на неговиот Facebook ѕид. Кога пријателите ќе го видат тоа тие ќе можат да го купат истиот продукт, но на попуст директно од ѕидот, вид на групно купување, објаснува шефот за комерцијалните продукти во Facebook, Дебора Лиу на Inside Social Apps конференцијата во вторник. Интересно, кога ја тестирале опцијата повеќе од 50% од корисниците го споделиле со пријателите тоа што го купиле.

Прочитај повеќе

Друштвената и чудна игра Pet Society во која Facebook корисниците чуваат виртуелни миленичиња со свои куќички, облека и мебел продава 90 милиони виртуелни предмети дневно!, открива Себастиен де Галеус, ко-основач на Playfish, на LeWeb конференцијата.

Прочитај повеќе