Џулиан Асанж, основачот на Wikileaks, е офлајн. Причината за ова е што амбасадата на Еквадор не сака да влијае на изборите во САД, откако Асанж објави информации од мејловите на Клинтон и предупреди дека Wikileaks имаат уште многу податоци за објавување кои ќе влијаат на изборите. Првично обвинувањата беа дека станува збор за сајбер напад […]

Прочитај повеќе

Kонтроверзниот сајт најави дека ќе ги суспендира објавувањата на доверливи документи се додека не си ги среди финансиите. Проблем за функционирање на сајтот е финансиската блокада на сервисите преку кои сајтот добиваше донации, што е 95 отсто од сите приходи на сајтот, вели основачот Џулијан Асанж кој сè уште е во притвор во Англија во […]

Прочитај повеќе

Бредли Менинг, 23-годишниот поранешен аналитичар во американската армија, се соочува со 22 нови обвинувања дека како извор на Wikileaks доставил стотици илјади доверливи документи. Едно од обвинувањата е „помагање на непријателот“ за што се одредува смртна казна. Обвинителите велат дека нема да ја бараат екстремната казна, но ако Менинг се прогласи виновен по сите обвиненија може да се соочи со доживотна затворска казна.

Прочитај повеќе

Контроверзниот веб сајт за објавување доверливи документи остана без својот безбеден софтвер за доставување нови доверливи документи, тврди поранешниот втор човек на Wikileaks, Даниел Домшеjт-Берг кој објави книга Inside Wikileaks за неколкуте години поминати со основачот и негов „најдобар пријател“ Џулијан Асанж. Г. Домшеjт-Берг е еден од членовите кои се оделија од Wikileaks поради несогласување г. Асанж за како да се води сајто и сега планираат да стартуваат нов таков сервис – OpenLeaks.

Прочитај повеќе

Сајтот кој откри илјадници документи за војните во Ирак, Иран, илјадници димпломатските извештаи на САД, за кенискиот претседател, за се и сешто доверливо во своето четиригодишно постоење, е номинирал за 2011 Нобелова награда за мир.

Прочитај повеќе

Македонската академска истражувачка мрежа, МАРНет која има целосна контрола над .мк доменот, не дозволи регистрација на Wikileaks.mk домен без притоа да образложи конкретна причина, соопшти хостинг компанија МКХост преку својот Twitter профил. „Преку нашиот сајт добивме порачка за регистрација на доменот Wikileaks.mk, кој веднаш го проследивме до МАРнет. Истиот ден проследивме уште 2 домена. По […]

Прочитај повеќе

По примерот на Wikileaks, но малко непрофесионално сработено и нарушувајќи приватност, на Facebook се појави профил „UJP Leaks” кој објави слики од наводен документ за плати од новинарите на A1 заедно со нивните матични броеви.

Прочитај повеќе

<Надополнето 14.12.10:>Англискиот Вестминистер суд ја смени одлуката и дозволи кауција под строги услови за основачот на контроверзната Wikileaks, Џулијан Асанж, кој е обвинет за силувања во Шведска.

Прочитај повеќе

Контроверзниот Wikileaks сега има над 1.800 mirror сајтови, или сајтови-копии распределени ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија. Ова ја покажува моќта на Интернетот, односно на ширење на информацијата низ децентрализираниот медиум. Ако се изгасне еден, ќе има стотина други сајтови кои ќе ја споделат информацијата.

Прочитај повеќе

Со краток твит Wikileaks најави дека е под DDoS напад. Distributed denial of service attack (DDoS) напад значи дека мрежа од компјутери праќаат куп пакети поплавувајќи го сајтот со барања со цел да го срушуват.

Прочитај повеќе