Skype овозможи видео повици на Apple-овите iOS уреди со новата 3.0 верзија на апликацијата. За разлика од Apple-овото Face Time кое е видео повици меѓу iOS уреди, Skype овозможува видео комуникација меѓу iOS уредите и декстоп компјутери што е одлична опција за сите корисници да бидат во контакт. Повиците можат да се остварат преку Wi-Fi и 3G, а видеото поддржува портрет и пејсаж (landscape) гледање.

Прочитај повеќе

Skype конечно ја објави 5.0 верзијата за Windows за симнување. Големата новина е секако можноста за видео чет со 10 луѓе, што го прави Skype еден вид бизнис алатка за конференциски видео разговори. Видео повиците во моментот се бесплатни бидејќи „сакаме да се осигураме дека имаме заинтересирани корисници и дека квалитетот е доволно добра за да наплаќаме за услугата“ вели директорот за продукти на Skype, Мајк Бартлет.

Прочитај повеќе