Марк Лукас направи интересен концепт користејќи ја веб камерата и проширената реалност за да ги најде и гледа 3D моделите сместени како код во печатена книга. Се уште немам сретнато таква книга која содржи 3Д модели, кои според Марк Лукас обично се наоѓаат во CD кое доаѓа заедно со книгата. Но, не ме ни изненадува денес разни прирачници и технички книги да имаат 3Д модели за подобро да прикажат слики. Па зошто да се искористат CD-а и да се пребарува правиот модел, кога може да се искористи веб камерата и проширената реалност.

Прочитај повеќе