Се подготвува нов правилник на МАРНет за „управување со врвниот македонски домен .мк и други акти неопходни за функционирањето на МАРНет. Во текот на месец февруари оваа година правилникот ќе стапи во сила со што ќе се овозможи непречено регистрирање на нови домени.“, вели Mинистерството за информатичко општество по седница со Управниот одбор на МАРНет. На седницата за претседател на новиот МАРНет е избрана Маргита Кон-Поповска, професорка на Природно-математичкиoт факултет и досегашен потпретседател на одборот на МАРНет.

Прочитај повеќе

Правилникот на МАРНет, креиран уште во 1995-та, е неправилен според Уставот, вели Уставниот суд и ја блокира службата за управување на домени се додека Министерството за информатичко општество според нов и неодамна одобрен закон не формира правилна служба за домени. Тоа може да потрае до два месеци, а ако сакате да регистрирате домен или да промените сервер/именски опслужувач, тогаш ќе мора да почекате.

Прочитај повеќе

<надополнето 15.12.10> Уставниот суд ги одби промените на Законот за електронски комуникации, односно ги поништи петте одредби кои и даваа моќ на полицијата да прислушува без судски налог. Одбиени се петте измени на член 4 (точки 47 и 48), член 112 (ставовите 7 и 8), член 114 (ставовите 7, 8 и 9), член 115 и […]

Прочитај повеќе