„Луѓето се обидуваат да ги задржат и да ги докажат своите убедувања на социјалните мрежи. Но, посебна приказна се троловите. Овие митски суштества што се преселија од темните пештери на Норвешка во темните ќошиња на интернетот, имаат единствена цел по секоја цена да се спротивставуваат, преправајќи се дека си ги штитат верувањата….“

Прочитај повеќе

Британскиот студент по биологија Лиам Стејси, 21, е осуден на 56 дена затвор бидејќи преку својот Twitter профил го исмеја и навреди фудбалерот на Болтон, Фабрис Муамба, кој доживеа срцев удер за време на минатонеделниот натпревар против Тотенхам. Тролот Стејси твитна „LOL еби го Муамба. Тој е мртов“ кога Муамба се сруши на теренот. Ова […]

Прочитај повеќе

Mачките, фејлови, цртежите од тролови кои подоцна ќе станат интернет мемиња, популарни слики користени за се и секаква шега, стануваат доста сериозен бизнис. Дел од неодамна собраниот 30 милиони долари вложен капитал Cheezburger го искористи во проширување на својата империја додавајќи го Know Your Meme за сума со седум цифри.

Прочитај повеќе

Песната која ја пее Ребека Блек во која нема ништо освен „петок, петок, забава, забава, забава, петок“ стана невиден вирален хит откако се појави на Youtube, секако за погрешната причина. Откако Ark Music Factory кои биле најмени од родителите на Ребека да и направат песна на нивната ќерќичка ја ставија песната на Youtube, низ мрежата без престан се шират негативните критики и зборовите „најлошата песна некогаш направена“. Како и да е, гледаноста на Youtube постојано расте.

Прочитај повеќе

Американската војска развива софтвер – „сервис за менаџирање на онлајн личност“ – кој ќе дозволи тајно да се манипулираат онлајн дискусиите со креирање лажни идентитети и профили за да се влијае врз корисниците и да се шири про-американска пропаганда, пишува Guardian.co.uk.

Прочитај повеќе