HTC го претстави 7-инчниот таблет Flyer, кој го промовира како уред за „сериозен гејминг каде и да отидете“. Таблетот ќе работи на Android 2.3 оперативниот систем, не е новата Honeycomb верзија наменета за таблети што може да биде проблем во поглед на конкуренцијата. Flyer го има и со HTC Sense интерфејсот, познат на многумина бидејќи се користи на куп разни HTC уреди.

Прочитај повеќе

Dell има во планови во текот на 2011 и 2012-та година да објави неколку паметни телефони и таблет компјутери, од кои некои ќе работат на Android Ice Cream и Windows 8, открива Engadget повикувајќи се на доверлив Dell документ со зацртан стратешко производство.

Прочитај повеќе

Во Motorola Xoom таблетот, длабоко закопана во опциите, се наоѓа опција Encrypt Тablet, која е опција за енкриптирање на сите лични податоци на таблетот со лозинка или PIN број, открива Engadget.

Прочитај повеќе

Android 3.0, или попознат како Honeycomb, е оперативен систем комплетно наменет за таблет компјутерите. Со Honeycomb, најавен за наскоро, без официјален датум, ќе стартува плејада на Android таблет компјутери од најразновидни произведувачи. Ова ќе го промени досегашниот пазар на таблет компјутери каде во моментов кралот е Apple со над 15 милиони продадени iPad-и, во исчекување наскоро да се појави и iPad 2 со две камери, USB и SD порт…

Прочитај повеќе

Зборувајќи за конкуренцијата во пазарот на таблет компјутерите, Тим Кук, COO на Apple кој ќе ја води компанијата додека Стив Џобс e на боледување, објасни дека конкуренцијата може да се подели во две кошни: Windows-базираните таблет компјутери кои се „тешки, скапи, со слаба батерија“ и Android таблет компјутерите кои се само поголеми паметни телефони, што, според него, е „бизарен“ модел.

Прочитај повеќе

Аpple ги искористи празниците и се уште несоодветната конкуренција за да генерира рекорден 26.7 милијарди долари приход во првото фискално тромесечје, заклучно со 25 декември, од кои 6 милијарди се профит, генерирани од продажбите на Mac, iPhone и iPad. Ова е 78% зголемен приход споредено со ланската година.

Прочитај повеќе

И Panasonic претстави свој таблет компјутер на на овгодинешниов Consumer Electronic Show. Viera таблетот, како и многу други, работи на Android оперативниот систем, ќе биде достапен во 4, 7 и 10-инчна (25cm) големина и ќе има LCD дисплеј.

Прочитај повеќе

Тајванската Acer го претстави 10-инчниот (25cm) Iconia Tab A500 кој ќе работи на Android оперативен систем и има Nvidia Tegra-2 dual-core 1Ghz процесор. Таблетот ќе има HDMI порт, ZTE LTE безжичен модул, ќе поддржува Flash 10.1 и ќе има вграден Clear.fi систем за лесен пристап до мултимедија и нејзино споделување меѓу домашниот и мобилниот уред. Нема детали за резолуција на екранот, само е најавено дека Iconia Tab A500 e дизајниран за „HD забава“. Претпоставка е дека таблетот ќе чини меѓу 600 и 800 долари.

Прочитај повеќе

Мotorola го претстави Xoom, 10-инчен (25.4 cm) таблет компјутер кој ќе работи на Android 3.0 Honeycomb, оперативен систем наменет за таблет компјутерите, ќе има 3G мрежа која може да се надгради во 4G при крај на годината, има 2Ghz dual-core процесор и 3Д Google мапи.

Прочитај повеќе

Lenovo го претстави LePad, хибриден компјутер кој функционира како таблет на допир работејќи на Android, но може да прикачи на лаптоп и да функционира како класичен екран додека лаптопот работи на Windows.

Прочитај повеќе

Таблет компјутерот на Toshiba се уште нема име, тоа што се знае за него е што ќе користи Nvidia Tegra 2 процесори, се уште не се знае количината на меморијата, и, како и многу други, ќе работи на Android Honeycomb оперативниот систем, кој има поголема поддршка за таблет уредите, и има 10.1 инчен екран со 1280×800 резолуција со 720p висока-дефиниција, и порт за HDMI.

Прочитај повеќе

Opera можеби е еден од поретко користените десктоп прелистувачи, но затоа Opera Mini и Opera Mobile се доста користени на мобилните уреди пред се поради брзината наспроти вградените мобилни прелистувачи.

Прочитај повеќе