Dropbox денес ја надгради својата Android апликација со тоа што стави поголем акцент на мултимедијалната содржина. Оваа надградба доаѓа само еден ден откако ја претставија својата нова галерија, а од последните неколку ажурирања може да се забележи дека посветуваат големо внимание на споделувањето на фотографии. Истите промени наскоро ќе пристигнат и за iOS платформата, додека […]

Прочитај повеќе

Firefox 8 ќе биде достапен на 8-ми, утре, но можете уште сега да ја симнете финалната верзија за Windows, Mac и Linux. Прелистувачот може да го симнете од FTP серверите на Mozilla, открива GHacks. *(На некои корисници им се прикажува екран за логирање на FTP серверите, па затоа еве линк до верзијата за Windows, за […]

Прочитај повеќе

Google го надгради својот веб прелистувач Chrome во нова стабилна верзија, петнаесета по ред. Новата верзија на Chrome, која веќе е достапна за преземање за Windows, Mac и Linux, може да се пофали со низа поправени багови, како и со нов изглед на ново отворено јазиче. Најголемата измена, а воедно и најочигледната, е редизајниираниот изглед […]

Прочитај повеќе

Facebook ги стартува за сите корисници најавените промени во интерфеjсот, односно, сега левото мени ќе се користи како навигација низ друштвената мрежа и фан страните. Целта на оваа промена е да се истакнат апликациите и фан страните на кои корисникот е администратор за да се користат почесто и полесно да се држи будно око над […]

Прочитај повеќе

Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

Прочитај повеќе

Од 12 март Facebook ќе го замени Static FBML, кој се користеше за креирање странични или воведни табови на фан страните, и наместо него ќе користи iFrames. Со iFrame администраторите ќе можат да ги користат HTML, Javascript и CSS технологиите за додавање на содржина на фан страните.

Прочитај повеќе

Google работи на порадикални промени во корисничкиот интерфејс, особено околу дизајнот на омнибоксот (барот за адреси). Како што и се забележува во развојот на Chrome, Google се стремат кон што поминималистичкиот дизајн. Овојпат, централната идеја се врти околу отстранувањето еден од двата реда кои во моментов се наоѓаат во горниот дел на прелистувачот, односно сакаат да го отстранат URL барот и да ги интегрираат табовите и барот во едно.

Прочитај повеќе

My6Sense си доби своја екстензија за Google Chrome, која има цел да ни ја донесе „дигиталната интуиција” за да утврдиме кои твитови од постојанот тек на информации се релевантни за нашите интереси. „Моето шесто сетило“ претходно беше достапно за Android и iOS.

Прочитај повеќе

<Надополнето> Од 12 март Facebook ќе го замени Static FBML, кој се користеше за креирање странични или воведни табови на фан страните, и наместо него ќе користи iFrames. Со iFrame администраторите ќе можат да ги користат HTML, Javascript и CSS технологиите за додавање на содржина на фан страните.
</надополнување>

Прочитај повеќе

Оpera конечно после доста бета тестирање го објави новиот Opera 11 прелистувач кој сега има организирање на табовите во групи и визуелни движења со глувчето за навигација низ страните.

Прочитај повеќе

Facebook ги редизајнираше профилите. Новиот изглед ги преместува табовите во лев страничен бар, а на нивно место сега се воведни кратки информации за личноста зад профилот, односно кратко инфо со локација, образование, работа, линк од веб страна, врска и уште по некој детаљ.

Прочитај повеќе

Microsoft ja пушти за симнување бета верзијата на Internet Explorer 9. Од новиот прелистувач се очекува не само да ја задржи, туку и продолжи IE доминацијата на пазарот на прелистувачи каде Firefox и Chrome стануваат сериозни играчи. Во последниве три години користењето на IE забележува пад од 90 до сегашниве 60 отсто. Покрај конкуренцијата дополнителна грижа за IE е и европската забрана да се дистрибуира IE со инсталација на Windows, односно корисникот сега при инсталацијата ќе има избор од неколку прелистувачи.

Прочитај повеќе