Зборувајќи за конкуренцијата во пазарот на таблет компјутерите, Тим Кук, COO на Apple кој ќе ја води компанијата додека Стив Џобс e на боледување, објасни дека конкуренцијата може да се подели во две кошни: Windows-базираните таблет компјутери кои се „тешки, скапи, со слаба батерија“ и Android таблет компјутерите кои се само поголеми паметни телефони, што, според него, е „бизарен“ модел.

Прочитај повеќе

Аpple ги искористи празниците и се уште несоодветната конкуренција за да генерира рекорден 26.7 милијарди долари приход во првото фискално тромесечје, заклучно со 25 декември, од кои 6 милијарди се профит, генерирани од продажбите на Mac, iPhone и iPad. Ова е 78% зголемен приход споредено со ланската година.

Прочитај повеќе

Кога во 2001 год. на денешен ден, Стив Џобс го најави iTunes не секој претпоставуваше дека оваа апликација ќе биде една од основните алатки со кои Apple, користејќи го .mp3 форматот, ќе ја промени музичката индустрија, и ќе биде основната алатка со која Apple ќе ги поврзе сите свои сега-револуционерни уреди и ќе овозможи купување музика и апликации преку интернет.

Прочитај повеќе

Стив Џобс е прогласен за визионер на годината, за личност која го издигна Apple на врвот на светот со своите визионерски продукти, од влијателниот Financial Times.

Прочитај повеќе

На 23 години ја стартува Apple од гаражата на своите родители и станува милионер. На 30 останува без работа, надвор од својата компанија. Денес, Стив Џобс е еден од генијалците кои комплетно го променија светот со своите ИТ идеи. Како директор на Apple, г. Џобс го претстави Mac персоналниот компјутер, го претстави уникатниот Apple дизајн, го промени начинот како конзумираме музика претставувајќи го iPod, смени како ги користиме мобилните телефони со iPhone, го претстави iPad моделот за идните таблет компјутери. Стив Џобс едноставно е генијален визионер.

Прочитај повеќе

Стив Џобс го претстави најновиот iPhone 4 на WWDC конференцијата. Иако за телефонот се знае веќе некој месец, „кажете ми ако веќе сте го виделе“ г-дин. Џобс се пошегува на почетокот на презентацијата, сепак официјалното претставување значи дека ова е конечниот дизајн на најновиот Apple-ов уред. Покрај самиот уред најавени се нови апликации кои ќе ги има во телефонот, пример FaceTime апликацијата за видео чет во живо.

Прочитај повеќе

Нa D8 конференцијата AllThingsDigital направи интервју со шефот на Apple, Стив Џобс. Разговорот се водеше за се и сешто, за односот со Adobe и Flash, за станување втораа најбогата компанија проаѓајќи го Microsoft, за iPad-oт при што г-дин. Џобс откри дека првичната замисла била да се направи таблет уред, но функционалноста овозможила да се роди iPhone-от, се зборуваше и за Gizmodo и украдениот 4G iPhone…

Прочитај повеќе

Gizmodo отвори интересна тема – кој е поголем визионер, Бил Гејтс или Стив Џобс? Кога на All Thigs Digital во 2007 година го прашаа Бил Гејтс што е иднината на компјутерите за 5 години, Бил Гејтс не двоумејќи се одговори дека тоа се таблет компјутерите.

Прочитај повеќе

Главниот аргумент зошто Adobe се повлекува од Apple е што Apple поставува правни услови на девелоперите, вели Кевил Линч, главниот за технологија на Adobe, во краток блог пост, во кој одговори на вчерашното отворено писмо на Стив Џобс.

Прочитај повеќе

Apple конечно сфати дека ако другите можат да имаат мулти-таскинг опција, тогаш може и нивниот iPhone. „Moжеби не сме први, но ќе бидеме најдобри.“ рече Стив Џобс, директорот на Apple при преставувањето на новиот iPhone 4.0 oперативен систем.

Прочитај повеќе

Apple-овиот iPad покрај големата еуфорија привлече и многу критики пред се бидејќи таблетот на подржува Flash. Тоа значи дека на iPad нема да можете да пуштите YouTube видео клип или пак да отворите Flash базирана веб страна. Аdobe Flash e насекаде, само не на iPad. Ова предизвика многу негативни коментари од интернет заедницата, како и […]

Прочитај повеќе