Светскиот економски форум одбра 26 пионери на технологијата за 2010 година. Пионери на технологијата се сите компании почетници од целиот свет кои развиваат и дизајнираат нови технологии.
 
„Иновациите на овие компании ги отсликува обидите на општеството да ја прифати и користи технологијата за промена и подобрување на начинот на кој работат бизнисите и самото општество.“ вели Светскиот економски форум.

Прочитај повеќе

„Start-up“ терминот често се користи за да се посочи на нови ИТ компании или проекти кои се во развој. Глобалната start-up сцена е огромна бидејќи интернетот е игралиште за многу разновидни, иновативни и корисни идеи за онлајн сервиси. Дел од таа сцена неодамна се презентираше во Тел Авив каде се се одржа TWS 2009, настан на кој беа промовирани неколку израелски start-up компании и ИТ проекти.
 
На ТWS 2009 беа претставени 10 проекти, целата листа можете да ја најдете на TechCrunch, а ние издвоивме само неколку кои според нашето мислење навистина имаат што да понудат.

Прочитај повеќе