Facebook воведува опција да си одберете кој да ја гледа вашата содржина од апликациите на Facebook и содржина од сајтовите и сервиси кои користат Facebook Connect, со цел корисниците да имаат поголема контрола врз содржината, односно да имаат можност да одберат со кого ќе ја споделуваат.

Прочитај повеќе

Неколку македонски медиуми објавија заедничко јавно писмо со кое ги опоменуваат сите веб портали и радио станици во Македонија да не преземаат нивна оригинална содржина. Еве што се вели во писмото: „На средбата одржана на 24.12.2009 присутните претставници од долупотпишаните медиуми ја утврдија штетата која произлегува од неавторизираното и неконтролираното преземање на информации од овие […]

Прочитај повеќе

Dropbox е генијален сервис за складирање на фајлови од еден компјутер и нивно споделување и пристапување од друг компјутер, дури и мобилен телефон, без да се замарате со USB, закачување на интернет… и други начини на пренесување фајлови од еден до друг компјутер. DropBox ќе отвори посебен фолдер на вашиот компјутер. Потоа преку веб сервисот […]

Прочитај повеќе

Најголемиот интернер провајдер во Британија, Virgin Media започнa со тестирање на технологија за мониторинг на корисниците и пиратската содржина која ја споделуваат. Технологијата која ќе ја користи провајдерот е CView на Detica, компанија која е позната со работење со владини податоци и дигиталните документи на контраразурзнавачките служби.
 
„Нашата технологија има потенцијал да го мери споделувањето на содржината низ сите интернет провајдери, што ќе им овозможи на провајдерите, креативната индустрија и владата, да соработуваат и да одговорат на дигиталната пиратерија како што е повлечено во извештајот за Дигитална Британја.“ пишува Detica.

Прочитај повеќе

Неодамна беше објавена Creative Commons апликација за најпопуларната друштвена мрежа Facebook. Апликацијата ќе им овозможи на корисниците на Facebook да си ги лиценцираат своите дела, пред се фотографии и видеа. Според Facebook правилата, корисникот ги има авторските права на содржината, но истите права врз делата на корисникот ги има и Facebook. Тоа не е за изненадување бидејќи правилата на секоја платформа се исти. Доколку објавите содржина, таа платформа во одредени мерки, ги има правата на истата.

Прочитај повеќе