На Facebook 500-те милиони корисници секоја минута споделуваат над 50 илјади линкови. Тоа е неверојатно количество на информации. Додадете ги над 66.000-те тагирања на 135.000 фотографии закачени секоја минута, скоро 80.000-те „среќен роденден“ постови, и над 98.000 одобрени пријателства секоја минута, и добивате јасна слика колку ни е важна комуникацијата. И зошто Facebook е толку голем.

Прочитај повеќе

Друштвените мрежи во моментов се мали, меѓу најпопуларните се Gowalla која има над 600.000 корисници и Foursquare кој има близу 5 милиони. Иако мали сепак идејата за споделување локација ги привлече и големите, пред некое време Facebook го стартуваше Places за споделување локација со пријателите, претејќи да ги згази помалите локациски мрежи со своите над 500 милиони корисници.

Прочитај повеќе

Логирајте се преку Facebook и Twitter, следете го @dropbox, и кажете што ви се допаѓа кај сервисот и ќе добиете по 128 MB, со што на вашиот бесплатен Dropbox фолдер ќе имате вкупно до 3 GB простор, вклучувајќи ја поканата кон пријател.

Прочитај повеќе

Можеби имате фајл, слика или документ, кои се лични, кои не сакате да да ги закачувате на разни сервиси со цел да ги споделите со еден или два пријатели? Ако да, тогаш iSendr може да биде сервис за вас.

Прочитај повеќе

HomePipe e веб сервис со кој креирате веб пристап до вашите PC фолдери со слики, документи, видеа, музика и други фајлови кон кои потоа можете да пристапите од било каде, од друг компјутер или преку мобилните iPhone и Android уреди.

Прочитај повеќе

Rockmelt е нов интернет прелистувач кој е прилагоден за користење друштвени мрежи. Концептот за Rockmelt е доста интересен, бидејќи се наоѓа во „облакот“ сите ваши одбележани омилени страни и букмаркови ќе ви бидат достапни од било кој компјутер каде е инсталиран RockMelt, логирајќи се само со Facebook идентификација.

Прочитај повеќе

Yahoo го објави новиот бета Yahoo Мail кој достапен за сите. Новиот бета изгледа доста свежо спореден со поранешниот. Изгледа убаво и едноставно и нуди побрзо имејл искуство, „го изградивме од темели за да биде брз колку што вие сте продуктивни“ вели Yahoo.

Прочитај повеќе

FluffyApp (Windows верзија на CloudApp за Mac) е апликација со која можете да закачувате слики, URL, фајлови на Интернет, во облакот. При инсталирање FluffyApp се појавува мало облаче во system tray (кај часовникот, долу десно) во кое можете да додавате нешта само со повлечи-и-спушти. Интересно е што можете едноставно да грабнете URL или слика и да ги вметнете во облачето и тие ќе бидат закачени во вашиот „онлајн фолдер“.

Прочитај повеќе

Facebook претстави нови групи, т.е. сега корисниците ќе можат да си креираат група со одредени пријатели во која ќе споделуваат одредени информации, слики и постови. Ова е еден вид организирање на стотината пријатели, пример, една група со колегите од работа, една со фамилијата… можете да се приклучите на вкупно 300 групи.

Прочитај повеќе

Со цел да се дискутира, споделува и информира за се ИТ во секое време и секое место ја креиравме мобилната верзија на форумот на IT.com.mk.

Прочитај повеќе

Facebook наскоро ќе ве информира со кого го споделувате статусот, опција која ќе го замени малата икона на катанче која е за одредување на степенот на приватноста, пишува InsideFacebook.

Прочитај повеќе

Facebook Places е сервис на мрежата за споделување на локација. Пример, ако сте на концерт, сакате да го споделите искуството и преку мобилниот телефон објавувате нов статус кој се појавува на вашиот Facebook профил + ќе можете да ги тагирате пријателите.

Прочитај повеќе