Знам, знам, сигурно си велите, не уште еден тулбар! Иако и мене не ми е многу привлечна идејата да имам уште нешто над страниците кои ги посетувам, Bing тулбар овојпат носи некои интересни новини.

Прочитај повеќе

Layers е нова веб апликација за Chrome која ви ги персонализира и листа најновите информации од Facebook и Twitter, како и од RSS каналите на други веб сајтови. Layers e налик на агрегатор или RSS читач, но стилизирана и елегантна апликација.

Прочитај повеќе

На Twitpic, популарниот сервис за закачување фотографии и нивно споделување нa Тwitter, од сега ќе може да закачувате и видеа, што е логички чекор напред за сервисот кој има, според основачите, над 17 милиони корисници и дневно додава по 30.000 нови корисници.

Прочитај повеќе

Американската Централната разузнавачка агенција (CIA) додаде друштвени елементи на својот веб сајт, додавајќи линк до својот YouTube канал, односно линк до новиот профил на сервисот за споделување фотографии Flickr, претстави верзија за деца со видео турнеја низ својот штаб.

Прочитај повеќе

Foodily е весела страница за љубителите на добрата храна. Можете да пронајдете секакви рецепти, да се поврзете преку Facebook или пак да си креирате мени по ваш вкус и да го споделите со Facebook пријателите, сите Foodily корисници или да си направите настани за храната.

Прочитај повеќе

Друштвената мрежа тестира Buy With Friends сервис. Кога корисникот ќе купи нешто преку апликација, неговиот продукт ќе се појави на неговиот Facebook ѕид. Кога пријателите ќе го видат тоа тие ќе можат да го купат истиот продукт, но на попуст директно од ѕидот, вид на групно купување, објаснува шефот за комерцијалните продукти во Facebook, Дебора Лиу на Inside Social Apps конференцијата во вторник. Интересно, кога ја тестирале опцијата повеќе од 50% од корисниците го споделиле со пријателите тоа што го купиле.

Прочитај повеќе

Pingdom објави интересна статистика за се што се случуваше на Интернет во 2010 година, од пратени имејл пораки до користење на сервери и колку фотографии се закачуваат на Flickr. Неверојатно е што за само една година се достигнуваат огромни бројки во комуникацијата и споделување на содржината на скоро 2 милијардата интернет корисници. Еве што вели Pingdom:

Прочитај повеќе

Откако Weekly World News објави дека основачот на Facebook, Марк Закерберг се изморил и сака да го изгаси Facebook во март, лажната вест се појави на еден куп медиуми правејќи го сето тоа толку спектакуларно да самиот Facebook мораше да коментира на лажната вест и да даде изјава дека „не, нема да се гасиме“.

Прочитај повеќе

Tor мрежата, која нуди oнлајн анонимност, е симнат над 36 милиони пати во 2010-та година, и дневно се користи од 150 до 300.000 корисници.

Прочитај повеќе

Gmail ја направи достапна за сите Gmail delegation опцијата, претходно само за Google Apps корисници, со која може да дозволите пристап на други до сопствениот Gmail инбокс.

Прочитај повеќе

Некои корисниците на Facebook забележале нов филтер за содржина на својот стрим со вести, пишува Inside Facebook.

Прочитај повеќе

Foursquare за iPhone апликацијата сега има опција за додавање фотографии и коментирање. Двете опции, заедно со страната за историја за сите места на кои корисникот бил, се опции кои сега ќе можат да го направат поатрактивен сервисот за локација, кој од неодамна има над 5 милиони корисници.

Прочитај повеќе