Еуфоријата околу светското првенство во Јужна Африка многу јасно се одсликува преку разните маркетинг кампањи. Нема продукт чија реклама, банер или оглас во весник не инволвираат споменување на фудбалот или првенството во некаква мера. Бев пријатно изненаден од банерот на американскиот мобилен провајдер AT&T кој беше објавен на ESPN.com и кој на доста лесен и иновативен начин ги инволвира посетителите, благодарение на проширената реалност.

Прочитај повеќе

Светското првенство во Јужна Африка дефинитивно ќе биде запаметено поради две работи… затворената игра на тимовите на самиот почеток од мундијалот и вувузелите – досадните пластични навивачки труби со монотон звук. Звукот произведен од овие “инструменти” луѓето го споредуваат со звукот кој го дава стампедо на гласни слонови или пак огромно јато на лути пчели. Интересно, особено од ИТ аспект, е тоа што многу гледачи иритирани од звукот на “инструментот на ѓаволот” пронајдоа неколку технички начини за како да го филтрираат досадното бзззз….

Прочитај повеќе