Gmail корисниците сега ќе можат лесно да закачат фајлови во имејл порака. Наместо досегашното клинк на опцијата, најди ја локацијата и вметни го фајлот, сега Gmail доби drag and drop опција, односно повлекувате фајл и го ставате во мејлот, без пребарување на локацијата.

Прочитај повеќе

MirrorMe е една од покретивните забавни Facebook апликации која користејќи софтвер за препознавање лице ви покажува како би изгледале на 80 години доколку продолжите со досегашниот начин на живеење, пропратен со многу алкохол, без вежбање, јадење само брза храна и пушење по 50 цигариња дневно! :)

Прочитај повеќе

Twitter дозволува само да пратите директна приватна порака (DM) само на еден корисник во исто време. Тоа може да биде проблематично, бидејќи ако треба да информирате неколку твитерџии за исто нешто, ќе треба да пратите неколку пораки. Благодарение на Тweetguru.net/multi можете да пратите еден DM твит на повеќе корисници одеднаш.

Прочитај повеќе

Ова е брз и евтин начин да се создаде присуство на интернет, да се рашират информации за одредена кауза и да се организираат акции за да се лобира кај донесувачите на одлуки, пишува Елена Игнатова на Global Voices Online објаснувајќи го нивниот водич за застапување преку блогирање.

Прочитај повеќе

Секоe YouTube видео се симнува додека го гледате. Симнувањето продолжува и доколку кликнете пауза. Ова може да биде проблем на многумина корисници кои имаат лимит на својот интернет сообраќај, пример 10 или 15 гигабајти, посебно може да биде проблем кога ќе се одбере подолго видео за потоа да се сфати дека е погрешно или воопшто не е интересно.

Прочитај повеќе

Google ја објави новата бета верзија од нивниот прелистувач Chrome со подобрена приватност и навистина кул опција за автоматско преведување.

Доколку сте, на пример, на кинеска страна прелистувачот самиот ќе го детектира јазикот и ќе ви сугерира да го преведете. Преводите се генерират од Google Translate сервисот, што значи дека – прво, има македонски, второ, македонсите превоти и не се баш најдобри и трето, и покрај недостатоците навистина е корисно со еден клик да преведувате страни.

Прочитај повеќе

Picnik e веб базиран софтвер за манипулација, креирање и средување на фотографии. Сервисот на 1 мај беше купен од Googlе и се чини дека гигантот направи паметен потег бидејќи Picnik е неверојатен сервис со кој лесно можете да изработувате најразновидни слики.

Прочитај повеќе

Directorium.mk е веб сервис кој користејќи ги Google Maps ги лоцира разновидните бизниси ширум Македонија. Корисно во овој сервис е што користејќи ги мапите им помага на корисниците и ги насочува кон бизнисите. Наместо да талкаат низ градовите барајќи одредена адреса, потрошувачот користејќи го овој сервис ги пребарува бизнисите ширум земјата и го наоѓа во точната локација.

Прочитај повеќе

Кога го стартувате Windows, оперативниот систем кој се користи од неколкумина корисници потребна ви е лозинка за да влезете во Windows-от. Влатко Дојчиноски, или FuUuUzZzZy, како што е познат на форумот, склопи одличен туторијал како да се пробиjaт тие лозинки вклучувајќи го и административниот профил т.е. профилот со кој може да се променува оперативниот систем, пример: да се инсталираат едни програми, а да се бришат други.

Прочитај повеќе

RadioBeta е пребарувач за онлајн радио. Но, иако е многу сличен пребарувач како RadioTuna за кое пишав претходно, пребарува радија, стил на музија и автори, RadioBeta има и супер опција за пребарување радиа по локација. Пример, доколку сте некаде на пат во друга држава едноставно со RadioBeta добивате листа на радио станици, листа од која можете да видите за какво радио станува збор, да го отворите сајтот на радиото или пак да си слушате од сајтот на RadioBeta.

Прочитај повеќе

Radiotuna е пребарувач на разни онлајн радио станици. Овој сајт изобилува со најразновидни радио станици кои пуштаат најразновидна музика. Radiotuna не отвара нови страни т.е не ги отвара страните на радијата туку го пушта радиото од самата страна. Така доколку не ви се допаѓа некое радио лесно можете да смените.

Прочитај повеќе

0.mk стартуваше додаток за Mozilla Firefox. Со додатокот можете лесно да скратите еден линк. Откако ќе се инсталира, додатокот ќе го најдете на менито на десното дугме на глувчето. Одлично е што „Скратете со 0.mk“ e oбоен во плаво па се лесно приметува. „Скратете со 0.mk“ се наоѓа и најдолу десно на Firefox.

Прочитај повеќе