FilerFrog е апликација за Windows со која само со десен клик ќе можете да менаџирате фајлови, пример, да го менувате името, да го енкриптирате, да екстрактирате фајлови, да се промени големината на слика, правање .pdf албуми … и број други мали и корисни функции.

Прочитај повеќе

Facebook корисничките имиња не се нешто ново, напротив, беа објавени пред една година, но на мрежата постојат многу страни кои не го имаат подесено корисничкото име на фан страната или профилот за да наместо facebook.com/profile.php?id=123456789 имаат препознатливо URL како facebook.com/it.com.mk. Можеби игнорирањето на оваа опција се должи на процедурата која бара телефонски број, можеби од незнаење за опцијава. Во секој случај, подолу е краток водич за како да си одберете корисничко име.

Прочитај повеќе

Awesome Screenshot е екстензија за Chrome прелистувачот која ви овозможува брзо и лесно да си направите скриншот (слика) од сајт. Со додатокот ќе можете да ја скратите (crop) делот, да додадете текст, геометриски форми на сликата, и да замаглите приватни делови.

Прочитај повеќе

Често компјутерите се мерат според перформансите внатре во кутијата, но пробајте да сработите нешто без тастатурата и глувчето. Посебно без глувчето, кое е за многумина најважниот уред. Па зошто да не си одберете добро и квалитетно глувче кое ќе ви одговара.

Прочитај повеќе

Покрај малите промени на Gmail интерфејсот како преместување на compose mail и add contact копчињата под трите главни Mail, Contacts и Tasks, Gооgle го подобри Contacts делот каде сега корисниците ќе можат да ги сортираат контактите.

Прочитај повеќе

Кој е најдобриот сервис за симнување видеа од YouTube, е дискусијата на форумот. Се споменаа најразлични сервиси, пример: keepvid.com, Firefox додаток за FLV player, Internet Download Manager, Real Player…

Прочитај повеќе

Fur.ly е скратувач на линкови, но за разлика од другите кои скратуваат по еден линк, Fur.ly скратува повеќе линкови одеднаш, пример дваесетина, во еден краток линк.

Прочитај повеќе

Zoom.it е сервис на Microsoft Live Labs преку кој закачувате URL од слика или сајт и добивате интерактивен преглед на истата со можност за зумирање и мрдање на сликата.

Прочитај повеќе

Google прво воведе повлечи и спушти закачување на атачменти и слики, а сега го воведува супер корисното повлечи и спушти атачмент за да го снимиш на компјутер… Но само ако користите Google Chrome прелистувач.

Прочитај повеќе

Сега можете да го преведете вашиот документ во новиот едитор во еден од 53 јазика, објави Google Docs тимот. Преводот го има од поодамна, но сега новитетот е што ви траба само еден клик да да направите копија од преведениот документ со нов наслов, пример од македонски во албански или обратно, и да ги пратите на вашите колеги.

Прочитај повеќе

Logmein Hamachi е софтвер кој ви овозможува далечински пристап (remote access) на друг компјутер. Го пробавме софтверот за да поставиме мрежа меѓу два компјутери, еден во Скопје и друг во Куманово и со Hamachi ни беше потребно само да инсталираме мал софтвер и една лозинка.

Прочитај повеќе

Teuxdeux е бесплатна, веб базирана и убаво дизајнирана to-do календар за организирање на работата. Апликацијата е неверојатно лесна за користење. Се логирате за 30 секунди, добивате календар според вашата временска зона, вметнувате обврски и задачи, ги редите по приоритет, и потоа или ги прешкртувате како готови или ги тргате задачите. Дополнително има и место за вметнување на задачи неврзани за датум Толку е едноставно со Teuxdeux. :)

Прочитај повеќе