Австралиските интернет корисници ги убедија властите да го тргнат контроверзниот закон кој забранува анонимно коментирање на политички теми на интернет. Доколку австралијците сакаат да дискутираат политички теми мора да остават име и адреса или ќе бидат казнети со 1.250 австралиски долари (800 евра).

Прочитај повеќе

Google вели дека ќе го тргне филтерот за цензурирање од својот кинески пребарувач, откако откри информации дека во декември врз нив е извршен „високо софистициран хакерски напад“ кој дошол од Кина. Целта на нападот биле Gmail мејлови на борци за човекови права и слобода на говор.
 
„Многу бргу стана јасно дека тоа што првин изгледаше како безбедносен инцидент, стана нешто комплетно различно.“ пишува Google на својот блог. Во постот Google избегна да ја обвини кинеската влада дека стои зад нападите.

Прочитај повеќе