<Надополнето> Microsoft го купи Skype за 8,5 милијарди долари, со цел да пружи Skype поддршка за Microsoft уредите како Xbox и Kinect, Windows Phone мобилни и идни таблет компјутери, а Microsoft ќе ги поврзе Skype корисниците со Lync, Outlook, Xbox Live и други заедници.

Прочитај повеќе

Microsoft, Google, Facebook… сите три гиганти се кандидати или да го купат Skype или, што е поверојатно, да инвестираат и да започнат сериозна соработка со VoIP сервисот. Ова се во моментот шпекулациите кои кружат низ Интернет, започнувајќи со Reuters кој според извори блиски до компанијата вели дека Skype е во преговори со Facebook и Google, и сега продолжувајќи со GigaOm кој вели дека и Microsoft е вмешан во целата ситуација и дека треба да се очекуваат детали наскоро.

Прочитај повеќе

И Facebook и Google размислуваат или да го купат Skype или да направат заедно некаква соработка откако Skype го одложи излегувањето на берзата, пишува Reuters повикувајќи се на анонимни извори.

Прочитај повеќе

Од Џастин Бибер, Џим Кери, Angry Birds и Лего до Old Spice, Onion, NewYorker, Dropbox и Funny or Die… на 15-тите по ред престижни интернационални Webby Awards се прогласија победници според жирито од Интернационалната академија за дигитална уметност и наука, и според публика во скоро 70 категории.

Прочитај повеќе

Иран против Америка? Или пак само способен и искусен хакер кој си има свои причини? Украдените дигитални сигурносни сертификати кои се користат за онлајн трансакции во сопственост на Google, Microsoft, Skype и Yahoo, иранскиот хакер вели дека успеал да ги пробие сам, наоѓајќи слабост во системот, негирајќи ја поврзаноста со иранската влада.

Прочитај повеќе

Skype ќе започне да прикажува реклами во Windows клиентот, кои ќе се појавуваат на Home табот. Skype сака да ја искористи се повеќе растечката популарност на сервисот, неодамна се забележаа рекордни 29 милиони корисници во еден момент, за да дојде до поголем профит. Покрај популарноста Skype е и добра алатка за таргетирање на корисниците според локација, пол и години што може да ги заинтересира брендовите.

Прочитај повеќе

Facebook и Skype преговараат за да го продлабочат своето партнерство. Иако од двете страни нема никакви официјални информации, „интернетот“ вели дека после интегрирањето на Facebook статусите во Skype и контактите, ваквиот чекор како следен е очигледен.

Прочитај повеќе

Skype Toolbar додатокот за сите верзии на Firefox е деактивиран заради успорување на прелистувачот. Според Mozilla, во последната недела дена имало 40.000 срушувања на прелистувачот токму поради овој тулбар. Иако ова е проблем со тулбарот, Mozilla вели дека „просто кажано, на корисниците може да им се причини дека Firefox e спор.“

Прочитај повеќе

Skype овозможи видео повици на Apple-овите iOS уреди со новата 3.0 верзија на апликацијата. За разлика од Apple-овото Face Time кое е видео повици меѓу iOS уреди, Skype овозможува видео комуникација меѓу iOS уредите и декстоп компјутери што е одлична опција за сите корисници да бидат во контакт. Повиците можат да се остварат преку Wi-Fi и 3G, а видеото поддржува портрет и пејсаж (landscape) гледање.

Прочитај повеќе

Милиони корисници беа оставени на цедило откако популарниот VoIP сервис Skype се сруши и не беше достапен скоро 24 часа. Сега Skype излезе со објаснување велејќи дека проблемот настанал поради грешка во Windows верзијата по што следувале неколку последователни проблеми, за на крај да се сруши.

Прочитај повеќе

<Надополнето>Skype конечно функционира за сите после 20 часа недостапност. Барем за некои корисници. Милиони други се уште имаат проблем да се логираат на сервисот, често по логирањето Skype се гаси по некоја минутка. За тие пак што ќе се логираат, џабе! бидејќи ни ги нема поголемиот дел од контактите.

Прочитај повеќе

Програмата е слична на Skype, Yahoo Messenger, MSN, но со дополнителни опции, вака е опишан Macedonia Live месенџерот кој е пуштен во употреба летово од страна на Teleks.com.mk.

Прочитај повеќе