<Надополнето>Немирот на Бит-пазар беше бидејќи полициската единица „Алфи“ тепале 15-годишен препродавач на цигари кој се обидел да избега кога „алфите“ вршеле контрола. Откако младиот препродавач бил пуштен од станицата во Автокоманда по два часа, револтираните граѓани ги тргнаа импровизираните блокади со контејнери од булеварот „Цветан Димов“. </надополнување>

Прочитај повеќе

AutoComplete опцијата на Google е алатка која ви помага „да ги одморите прстите“, да побрзо и поедноставно да дојдете до резултатот кој го барате сугерирајќи ви пребарувања слични на она што сте започнале да го пишувате, вклучувајќи ја како клучен фактор популарноста на бараното. Сите резултати кои ќе ви бидат понудени од Google AutoComplete претходно се внесени од страна на други Google корисници. Се решив да направам едно мало истражување, (инспириран од следниов линк), и да разгледам како Македонија е претставена според Googlе, односно што е она што најмногу го бараат корисниците и што е најпопуларно за секој македонски град.

Прочитај повеќе

Надополнето 29.08.10: Сега е и официјално дека Кевин Митник ќе биде во Скопје од 21 до 26 октомври. Неговите две предавања :The Art of Intrusion and The Art of Deception ќе бидат во хотелот Александар Палас во Скопје. Целиот настан е организиран од маркетинг компанијата Озеха P3.

Прочитај повеќе

Сигурно чувте за интернет во автобуси, звучи како интересен проект, но реалноста бара многу попрактични решенија кога се работи за јавниот превоз.

Нарекувајќи го „ЈСП/Таxi Мобиле“, Горјан Јовановски направи ефикасна мобилна верзија на страната на ЈСП. Преку мобилните страни кои се направени да не трошат многу интернет можат да се најдат термините кога и каде пристигаат скопските автобуси. Доколку не ви се чека, тогаш преку истиот сајт разгледувате броеви на такси служби.

Прочитај повеќе

Стартуваше „КИКА“ хаклабот во Скопје организиран од Слободен Софтвер Македонија. „КИКА“ е Информации. Култура. Автономија. и е долгогодишна идеја за технолошки автономна зона во која ќе се занимаваме со технологијата и нејзиниот пресек со културата, новите медиуми и општеството, пишва на блогот на Сподели Знаење.

Прочитај повеќе