Нема совршен пребарувач. Во статистиките од оваа статија видовме дека ниеден пребарувач не вади сосема точни и релевантни резултати, дури ни Google кој всушност имаше полоша статистика од неговите конкуренти. Blekko цели да го промени тоа, и пребарувачот веќе има приближно 1 милион пребарувања на ден.

Прочитај повеќе


Facebook тестира семантички поврзани постови, опција позната како „mentions”, или „спомнувања“, пишува Оливер Чианг од Forbes. Пример, кога два и повеќе пријатели споменат некој термин или споделат линк, нивните постови се собираат во еден пост при тоа покажувајќи линк до активноста, а под неа постовите на пријателите.

Прочитај повеќе

Компанијата Meshin деновиве претстави нова алатка за пребарување, дизајнирана за повеќе да наликува на персонален асистент отколку на стандарден plug-in. Новата алатка, која го носи истото име, Meshin, користи семантички технологии со цел да собере информации преку нивното значење и контекстот во кој се наоѓаат, наместо стандардниот пристап на користење клучни зборови и метаподатоци. Со тоа, Meshin станува прва „комерцијална“ алатка која ги користи семантичките технологии за пребарување низ електронската пошта, RSS каналите и информациите од социјалните мрежи во електронските пораки.

Прочитај повеќе