Најинтелигентниот веб пребарувач во светот, Wolfram Alfpha, стартуваше нова опција која ќе овозможи интерактивна визуелизација на дадените резултати. Компанијата зад семантичкиот Wolfram Alpha, Wolfram Research, неодамна стартуваше нов формат на датотека коj треба да го смени начинот на кој ги гледаме документите. Овој формат, наречен Computable Document Format (CDF) има за цел да ги направи […]

Прочитај повеќе

Компанијата Meshin деновиве претстави нова алатка за пребарување, дизајнирана за повеќе да наликува на персонален асистент отколку на стандарден plug-in. Новата алатка, која го носи истото име, Meshin, користи семантички технологии со цел да собере информации преку нивното значење и контекстот во кој се наоѓаат, наместо стандардниот пристап на користење клучни зборови и метаподатоци. Со тоа, Meshin станува прва „комерцијална“ алатка која ги користи семантичките технологии за пребарување низ електронската пошта, RSS каналите и информациите од социјалните мрежи во електронските пораки.

Прочитај повеќе

Ако на интернет пребарувате Бостон, ќе добиете линкови до американскиот град, но можеби мислите на бендот. Проблем е што еден збор значи многу работи, oбјаснува Metaweb, стартапот од Сан Франциско кој е најновата аквизиција на Google.

Прочитај повеќе

Проблемот со кој Вебот (WWW) моментално се соочува е непостоењето на механизам за едноставно и ефикасно конзумирање на релевантни вести, информации и податоци од огромниот број на информации кои се присутни на Вебот и чиј број секојдневно расте. Начинот на кој Google ни ги нуди релевантните резултати од пребарувањата не може да го одржи темпото со растечкиот број на страни и податоци на Интернет.

Прочитај повеќе

Замислете пребарувач како Google, но кој наместо да ви ги достави резултатите на неколку различни страни со линкови кои можеби го содржат она што го барате, ќе ја прескокне таа процедура и директно ќе ви одговори на вашето прашање… Стефен Волфрам, креаторот на софтверот Mathematica и основач и директор на компанијата Wolfram Research, заедно со околу 100 вработени се обидува да создаде нов вид на пребарувач кој ќе одговара на прашања во кои се бараат факти.

Прочитај повеќе