Уште при самото стартување Rockmelt нудеше голема интеграција со Facebook, четови, полесно споделување на линкови со пријателите и други друштвени опции, но тоа беа работи кои самиот Rockmelt ги правеше. Сега Facebook кој влезе во партнерство со прелистувачот, направи мали промени да кога ќе се отвори Facebook преку Rockmelt страната се отвара без нотификации, барања за пријателство и чет, бидејќи нели истите се вклучени во прелистувачот. Rockmelt е и интегриран со системот за пораки на Facebook, што значи ако преку прелистувачот се прати порака преку чет, а корисникот не е онлајн, тогаш ќе му пристигне како порака.

Прочитај повеќе

Мozilla Labs го претставија F1 додатокот со кој можете да постирате содржина на Twitter и Facebook или да праќате мејлови преку Gmail. F1 е се уште во експериментална фаза, но може да биде интересно решение како замена за копчињата за споделување или за неодамна објавениот прелистувач за друштвени мрежи Rockmelt.

Прочитај повеќе

Rockmelt е нов и е доста интересен прелистувач. Се што сакате од друштвените мрежи, пред се Facebook, го имате на еден клик од вас, пријателите од лево, фидовите од десно, сурфањето на интернет пред вас… Прелистувачот е во затворена бета, но секој корисник кога ќе добие пристап добива неколку покани кои ги праќа кон другите корисници. (tnx Митко за поканата)

Прочитај повеќе

Rockmelt е нов интернет прелистувач кој е прилагоден за користење друштвени мрежи. Концептот за Rockmelt е доста интересен, бидејќи се наоѓа во „облакот“ сите ваши одбележани омилени страни и букмаркови ќе ви бидат достапни од било кој компјутер каде е инсталиран RockMelt, логирајќи се само со Facebook идентификација.

Прочитај повеќе