Седејќи во ходникот пред преполнетата сала, слушајќи го предавањето на Ричард Сталман во кое зборуваше за слободниот софтвер, рестриктивните лиценци, авторските права и како тие не функционираат во денешниот дигитален свет, си помислив „ова е ветената земја за идејата на Сталман.“ Во Македонија се е слободно, го споделуваме софтверот и со леснотија го игнорираме копирајтот. Во Македонија индустријата нема контрола врз корисникот, контрола која г-дин. Сталман се бори да ја тргне, туку македонскиот корисникот ја фрла индустријата на колена.

Прочитај повеќе